Просветниот инспектор, Ѓорѓи Илиевски, даде изјава пред Државниот просветен инспекторат каде се расправаше за постапката отворена против него.
Против него е покрената дисциплинска постапка откако тој соопшти информации за незаконско унапредување во научни звања на сегашни владини функционери од редовите на ДУИ.
На седницата на Дисциплинската комисија при ДПИ е донесена одлука против Ѓорѓи Илиевски да се предложи дисциплинска мерка, за која директорот треба да одлучи во рок од 7 дена, дали ќе ја прифати или не.
-Денеска е закопана правната држава во Македонија. Ваков чин на една дисциплинска постапка, каде што не се дозволи да биде јавноста и новинарите, тоа е недопустливо. Сакав јавно да проговориме за јавните функцинери да им дадеме порака и на сите други, како што јас се одважив и гласно кажав што се случи со министерот за образование, заменик-министерот за внатрешни работи и директорот за индустриска сопственост, кои незаконски се унапредувале и добивале и парични средства за интелектуални услуги. Денес по не знам која логика носи некое решение Второстепената комисија дека им се уважува жалбата, рече Илиевски.




