Published: Monday, July 22, 2019 18:01
Во напади од воздух во северозападната сириска провинција Идлиб загинаа најмалку 43 луѓе, соопшти Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон.
Триесет и седум цивили загинаа во напади во кои е погоден пазар и области во градот Марет-ал-Нуман во провинцијата Идлиб. Шест други лица загинаа во напади од воздух во соседниот град Саркиб.
Во нападите се ранети повеќе од 100 луѓе.
Руското Министерство за одбрана демантираше дека нивни авиони ги извршиле нападите. Претходно, Сириската организација за човекови права соопшти дека најверојатно руски или сириски авиони ги извршиле нападите.




