Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Нетфликс“ ќе снима мини серија во земјава

0
By Нова ТВ on July 26, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 26, 2019 11:17

Американската компанија „Нетфликс“ во октомври годинава прв пат ќе дојде во земјава за да го снима првиот дел од новата играна серија наречена „Во вечерта“, соопштија на денешна конференција Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и продукцијата „Сестри и брат Митевски“ .

Серијата ќе се снима на Аеродромот Скопје. Главниот продуцент е белгиската компанија „Ентре Шиен е Лу“, раководена од европскиот продуцент Себастиен Делои.

Горјан Тозија, директор на Агенцијата за филм, истакна дека сите кои се занимаат со филмска продукција знаат колку е тешко една компанија како што е „Нетфликс“ да дојде во една држава за да снима филм.

– „Нетфликс“ е многу голем, многу моќен. „Нетфликс“ има светска мапа каде ги става знаменцата од местата што ги има посетено и прв пат годинава знаменцето на нашата земја ќе биде ставено на нивната мапа. Пред да се одлучи да престојува во една држава, компанијата прави анализа каква е стабилноста на таа држава и како работи нивната Агенција за филм. Јас сум среќен што оваа компанија ја одбра Северна Македонија, ја одбраа компанијата на Лабина да им биде домаќин и да им ги пржи сите сервис услуги, рече Тозија.

Директорот додаде дека препознавање на квалитетни проекти за соработка и грижата за правилното претставување на нашата кинематографија и нашиот капацитет за реализација на успешни проекти се доказ за сериозен пристап на работата на Агенцијата за филм.

Продуцентката Лабина Митевска истакна дека е од економско и културолошко значење еден филм да се донесе и да се работи токму во нашата држава.

– Мини серијата на „Нетфликс“ наречена „Во ноќта“ е составена од осум еписозди и речиси целата првата епизода ќе се снима во нашата држава. На почетокот на октомври ќе пристигне половина од екипа, односно околу стотици луѓе. Поради тоа што во сцената има инволвирано авион, тие ќе дојдат со приватен авион. Оваа огромна продукција е фантастична за македониска кинематографија и сите македонски работници зашто ќе можеме да искусиме нешто ново и поразлично, рече Митевска.

Таа додаде дека вториот филм што, исто така, ќе се снима во нашата држава е „Сирена во Париз“.

– Филмот „Сирена во Париз“ е француско-белгиска копродукција, комплетно дистрибуиран од „Сони Пикчрс“. Се работи за филм на белгиски копродуцент, кој минатата година снимаше филм во Северна Македонија. Снимањето на филмот ќе започне на 30 август годинава, една недела во Битола, а потоа во Скопје. Успехот на македонскиот филм последна година е фантастичен, покажуваме дека сме квалитетна продукција и можеме да доведеме квалитетни филмски работници, рече Лабина.

Денеска, за прв пат македонскиот документарен филм „Медена земја“ е на репертоарот во кината низ САД, а во исто време и македонскиот краток филм „Скаут“ е на престижниот филмски фестивал „La Shorts“ од каде се квалификуваат филмови за Оскар и БАФТА.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.