НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинари за владиниот план за борба против лажни вести: Идејата е добра, но не и методите

0
By Соња Петрушевска on July 27, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: medium.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На Македонија дефинитивно и треба сеопфатна стратегија против лажните вести и дезинформациите се согласуваат новинарите кои ги контактираше НОВА, но Владата не може да биде предводник на овој процес, и покрај фактот што саморегулацијата од страна на медиумската заедница  не донесе никакви резултати.

Промоцијата на владиниот Акцискиот план за справување со лажните вести наиде на негативни коментари од медиумската фела која побара инклузивност  и транспаретност на целиот процес.

Премиерот Зоран Заев на прес конференција на која го промовираше Акцискиот план за борба против дезинформациите рече дека „дезинформациите се еден од главните предизвици на демократијата во 2019 година и се алатка која се користи за манипулација на граѓаните, мешање во изборни процеси и намалување на довербата на граѓаните во институциите и медиумите“. Тој напомена дека изминативе две години во државава во повеќе наврати имало масовно ширење на дезинформации, како на социјалните мрежи, така и на традиционалните медиуми кои биле споделувани и од териториите на други држави.

„Нашата цел е да ја зајакнеме националната безбедност и сигурност на граѓаните на нашата земја и да ја браниме и унапредуваме демократијата. Целта не е да наметнеме решение, а доколку се потребни средства верувам дека ќе се изнајдат фондови. Верувам дека на сите ни е во интерес да се добијат вистинските информации. Некогаш впечатокот што го добиваат граѓаните од дезинформациите е многу лош и може да влијае лошо на цели држави или уништување семејства и углед. Ова е закана со која се соочува целиот свет“, рече Заев.

Новинарот на „Дојче Веле“, Борис Георгиевски за НОВА коментира дека освен борба против дезинформациите, на Македонија и треба стратегија и за борба против пиратеријата и неовластеното пренесување и копирање на содржини. Тој  го критикува начинот на кој беше промовиран Акцискиот план – без претходна консулатација со новинарите, но истовремено наведува дека работите мора да се менуваат посебно што  новинарството се подлабоко тоне посебно кај интернет – порталите каде што владее „башибозук“.

„Мој впечаток е дека медиумската заедница досега целосно потфрли во тој дел, а инсистирањето на саморегулација не донесе никакви резултати. Од друга страна, државата односно Владата во овој случај, немаат монопол и не можат да одлучуваат што е лага, а што е вистина, но истовремено можам да разберам зошто одлучила да не седи со скрстени раце. Моите забелешки не се однесуваат на мотивот да се најде решение за проблемите, туку повеќе на тактот и методите кои се избрани.

Идејата да се работи заедно со медиумската заедница на изнаоѓање решенија за проблемите е добра, но самата промоција на планот без претходна консултација и и соработка со истите го носи предлогот во ќорсокак. Далеку подобро во актуелната ситауција ќе беше доколку претходно се направеле консултации, а решението, или идеите беа презентирани како заеднички. Вака излегува дека Владата презема иницијатива за нешта од кои дел во суштина, не се во нејзина надлежност и целиот Акциски план добива негативен одиум во јавноста“ рече Борис Георгиевски – новинар на Дојче Веле за НОВА.

Добрата намера ја гледам во иницијативата да се менуваат работите откако последниве години многу нешта излегуваат од контрола. Новинарството е паднато на многу ниско ниво и продолжува да тоне. Тоа е особено евидентно кај интернет – порталите каде владее „башибозук“ во сите сегменти: професионални, етички и правни.

Ако телевизите со години се супермаркети на „големите газди“ преку кои шуруваат со политиката и си обезбедуваат вносни бизниси, интернет пазарот е преплавен со „гранапчиња“ чија основна цел воопшто не е информирање на јавноста. Напротив. Оттука владината иницијатива може да се разбере како поттик па и предупредување за еснафот, дека доколку сам не си ги решава проблемите, ќе му ги решава некој друг“ вели Борис Гоергиевски, новинар на Дојче Веле.

Новинарот Џелал Незири кој е  коосновач и директор на Центарот за истражувачко новинарство СКУП – Македонија се согласува дека нема видливи резултати во делот за  саморегулацијата на онлајн медиумите, но смета дека тоа не и дава право на Владата да интервенира.

„Владата може да биде само партнер на невладините, но не и предводник која ќе одредува што е лажна а што вистинска вест. Ако владата ги регулира онлајн медиумите тогаш тоа не е веќе саморегулација. Од пред неколку години во неколку наврати сум предложил понагласена саморегулација, со тоа што ќе се етаблира регистар на онлајн медиуми кои ги исполнуваат и ги почитуваат професионалните стандарди и етика, и кон кои институциите и рекламерите ќе препознаваат вистински медиуми.

Но, за жал, ништо не е направено во овој правец со што денеска имаме таков хаос во јавната сфера каде не може да се препознае кој е новинар а кој политичар маскиран во новинар, што е реклама а што е рекет или што е професионален медиум, а што е веб страна која служи како партиска или надворешна алатка за пропаганда и дезинформации“ вели Незири за НОВА.

Во однос на борбата против лажните вести, Незири смета дека Владата може да се избори со нив ако го почитува Законот за слободен пристап до информации и не соработува со квази – новинари.

„Владата може да се бори со лажните вести на многу едноставен начин: да го почитува до крај Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, да им наложи на портпаролите да бидат поотворени и покооперативни со новинарите и се откаже од соработката со квази-новинари и пара-медиуми, со што индиректно се поттикнуваат лажните вести.

Денес имаме ситуација на нефункционирање на Законот за слободен пристап до информациите заради фактот што Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информации од јавен карактер е некомплетна и без кворум да одлучува кога некоја институција незаконски одбива да дава информации за новинарите или граѓаните. Околу 15 општини, 5 министерствота и многу јавни претпријатија скоро никогаш не одговорат на прашањата по слободен пристап. Портпаролите се недостапни, а полу-информации или дезинформации се лиферуваат преку веб-страни кои претендираат дека се професионални медиуми. Една ваква ситуација на недостиг на документирани информации создава голем простор за дезинформации“ вели Незири за НОВА.

Борис Георгиевски нагласува дека во борбата против лажните вести треба да се преземат искуствата од Европската комисија – каде што фокусот е ставен на препознавање на дезинформациите но и на соработка со интернет – гигантите и социјалните мрежи. На ниво на Македонија тоа би значело дека во битката мора да се вклучат агрегаторите на вести кои се главни пренесувачи и мултипликатори на тие вести.

Еврокомесарот Хан на средбите со државниот врв понуди помош во справувањето со лажните вести.

„Ние имаме оддели што можат да и помогнат на вашата земја во справувањето се дезинформациите“рече Хан.

И британската амбасадорка Рејчел Галовеј  на Твитер изрази поддршка за отворањето на дебатата за борба против дезинформации и лажни вести.

„Го поздравуваме отворањето дебата за борба против дезинформации и лажни вести. Велика Британија издвои 9,5 милиони фунти за јакнење на независноста на медиумите во Западен Балкан, средства со кои се поддржува слободата на говорот и се овозможува зголемување на избалансирани и непристрасни содржини”, вели Галовеј во својот твит.

Владин план против ширење на дезинформации со 18 мерки 

Акцискиот план на Владата против дезинформациите има 18 безбедносни и проактивни мерки. Безбедносните мерки се однесуваат на комуникациите на самата Влада и премиерот, а со проактивните мерки е предвидена внатрешна кампања за вработените во институциите, нова стратегија за транспарентност, акциска група за борба против дезинформации и национална стратегија за медиумска писменост.

Владата планира и воспоставување јасни критериуми за медиумите кои се акредитирани за следење на нејзината работа, модел на поддршка за продукција на медиумски содржини и едукативни програми, како и соработка со организациите кои се бават со проверка на фактите и регистар на изворите кои шират дезинформации. Со мерките се предлага и:

– Да  се создаде листа на документи и информации кои институциите ќе бидат задолжени на одредени временски интервали да ги објавуваат и ажурираат.

– Владата на својата веб страна ќе објавува официјални одговори на прашања на медиуми и граѓани, со цел да се спречи извртување на официјалните ставови на Владата.

– Владата ќе спроведува внатрешна кампања за вработените во државната администрација, за постоењето и штетното влијание на дезинформациите.

– Акциската група за борба против дезинформации и напади на демократијата активно ќе соработува со сите платформи на социјалните медиуми кои најчесто се користат за брза дистрибуција на дезинформациите. Ќе бидат известувани за профили и објави кои шират дезинформации и активно ќе се вклучиме како држава во нивните програми за информирање на граѓаните и борба со дезинформациите.

– Владата и институциите активно ќе соработуваат со сите организации и проекти кои работат на проверка на фактите (Fact checkers), преку навремено и брзо одговарање на нивните прашања, при проверката на фактите.

За Здружението на новинари проблематични се неколку мерки  и тоа особено оние кои имплицираат на платени кампањи во приватните медиуми, најавата за ко-регулација, воведување на критериуми за акредитирање на медиуми кои ќе имаат право да ги следат владините настани во согласност со стандардите на новинарската професија, како и формирање на акциска група за борба на дезинформации со проблематичен состав и улога. Недореченоста на овие предлог мерки може да се толкува како обид за ограничување на слободата на изразување, а со тоа да се нанесе штета во и така кревкиот медиумски сектор во нашата земја“, реагираа од ЗНМ.

 Вовед во цензура или штитење на демократијата

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски  рече дека со Акцискиот план, „Владата сака да не врати во 1949 и да се ценузираат медиумите“.

„Целта е да се контролира слободната мисла и ова не е израз за европска вредност. Цензурата не е европска вредност. Ве охрабрувам вас новинарите да ги информирате сите меѓународни новинарски организации што оваа реформирана комунистичка власт, мотивирана од едноумието сака да стори со слободната мисла во Македонија“ рече Мицкоски на прес конференција на која зборуваше за новиот Закон за јавното обвинителството.

Власта тврди дека целта не е да се замолчат медиумите туку државата да се справи со дезинформациите.

Координираното ширење лаги за манипулација на населението е напад врз демократијата велат од власта.

„Напад врз демократијата е кога пратеник изговара лага со која го руши угледот за својата земја и на своите граѓани и истата координирано, во рок од 30 минути се споделува на 10 веб страници и 30 фејсбук страници.

Напад врз демократијата е кога лага од типот “Се градат кампови, земјава ќе ја населат стотици илјади мигранти” координирано излегува од веб портали, телевизии, фејсбук страници и групи кои подоцна не ги објавуваат официјалните деманти на институциите.

Од најавената борба против дезинформациите ќе настрадаат единствено ефектите на центрите за ширење лаги, страв и паника кај населението“ напиша на ФБ советникот на премиерот, Марјан Забрчанец.

Пред овие мерки да стапат на сила, од Владата најавија дека ќе има консултации со сите медиуми и медиумски организации.

Акциски план за борба против дезинформации ЗНМ новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.