Полицијата приведе над 1000 луѓе кои учествуваа на вчерашниот недозволен протест во центарот на Москва, соопшти агенцијата ТАСС.
„Вкупно 1074 лица се приведени на недозволениот протест во центарот на главниот град поради нарушување на мирот“ рекол еден полицаец.
На Собирот во центарот на Москва учествувале 3.500 луѓе. Демонстрантите извикувале „Русија ќе биде слободна“.
Според агенцијата АП, дошло и до физички судири помеѓу учесниците на протестот и полицајците кои носеле шлемови.
Протестот го организирал опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој заради тоа, во средата доби на 30 дневен притвор.
Во пресрет на протестот, неколку членови на опозицијата биле уапсени, вклучително и Илија Јашин, Дмитриј Гудков и најблискиот соработник на Навални, Иван Жданов.
Протестот бил свикан поради одлуката на изборните власти да им забранат на одделни опозициски кандидати да учествуваат на изборите за градско Собрание, бидејќи не собрале доволно потписи.




