Пилотот на Ред Бул Рејсинг Хонда, Макс Ферстапен најдобро се снајде во променливите временски услови, хаосот на патеката и бројните инциденти и триумфира за ГН на Германија. До втората победа во 2019 година, а седма во кариерата, Холанѓанецот стигна со време од 1:44:31,275 часа. Втор низ стартно-целната линија мина Себастијан Фетел од Ферари (+7,333 сек.) иако стартуваше од последната позиција, како трет на пиедесталот се искачи и Русинот Данил Квјат од Скудерија Торо Росо Хонда (+8,305 сек.).
Покрај славјето на Ферстапен и изненадувачкиот пласман на Квјат, германското гранпри го одбележа и дебаклот на Мерцедес. До средина на трката се чинеше дека Хамилтон и Ботас, без проблеми, ќе запиша нова еден-два победа меѓутоа на крајот не освоија ниту бод. Британецот се пласира на 11 место додека Финецот не ја заврши трката. Покрај Ботас, без пласман останаа и Никол Хулкенберг, Ландо Норис, Даниел Рикардо и Серхио Перез по излетувањата во инцидентите во кои учествуваа.
Хамилтон е лидер во генералнииот пласман кај возачите со 223, втор е Валтери Ботас со 184, трет е Ферстапен кого сега го делат само 22 бода од Финецот. Формула 1 шампионатот продолжува веќе наредниот викенд со трка на Хунгароринг за ГН на Унгарија.
Резултати од трката за ГН на Германија
Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул Рејсинг Хонда) 1:44:31,275 часа
Себастијан Фетел (Германија/Ферари) +7,333 сек.
Данил Квјат (Русија/Скудерија Торо Росо Хонда) +8,305 сек.
Ленс Строл (Канада/Рејсинт Поинт БВТ Мерцедес) +8,966 сек.
Карлос Саинц (Шпанија/Мекларен Рено) +9,583 сек.
Александер Албон (Тајланд/Скудерија Торо Росо Хонда) +10,052 сек.
Кими Раиконен (Финска/Алфа Ромео Рејсинг Ферари) +12,214 сек.
Антонио Џониваци (Италија/Алфа Ромео Ферари) +13,849 сек.
Роман Грожан (Франција/Хас Ферари) +16,838 сек.
Кевин Магнусен (Данска/Хас Ферари) +18,765 сек., итн.
Генерален пласман кај возачи
Луис Хамилтон (Велика Британија/Мерцедес) 223 бода
Валтери Ботас (Финска/Мерцедес) 184
Макс Ферстапен (Холандија/Ред Бул Рејсинг Хонда) 162
Себастијан Фетел (Германија/Ферари) 141
Шарл Леклер (Монако/Ферари) 120
Пјер Гасли (Франција/Ред Бул Рејсинг Хонда) 55
Карлос Саинц (Шпанија/Мекларен Рено) 48
Кими Раиконен (Финска/Алфа Ромео Рејсинг Ферари) 31
Данил Квјат (Русија/Скудерија Торо Росо Хонда) 27
Ландо Норис (В. Британија/Мекларен Рено) 22, итн/
Генерален пласман кај конструктори
Мерцедес 407 бода
Ферари 243
Ред Бул Рејсинг Хонда 191
Мекларен Рено 60
Рено 39
Алфа Ромео Рејсинг Ферари 26
Рејсинг Поинт БВТ Мерцедес 19
Скудерија Торо Росо Хонда 19
Хас Ферари 16
Вилијамс Мерцедес 0