28 кандидати се пријавиле за членови на советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиуми.
Членовите на Комисијата за избори и именувања одлучија досиејата на сите пријавени кандидати да бидат доставени до Антикирупциската комисија која треба да провери дали некој од нив има судир на интереси. Претседателот на Комисијата Илија Димовски рече дека меѓу пријавените кандидати има и ,,сопственик на радио, сопственик на портал, на неколку кандидати сопругите се вработени во електронски медиум, а сопруг на пријавена кандидатка работи во печатен медиум“.
Димовски претходно го цитираше членот 16- според кој пријавени кандидати не смеат да имаат сопственички удел или да имаат било какво влијание врз некој медиум.
Димовски рече дека од Антикорупциска се очекува да укаже дали оваа фактичка состојба ги елиминира кандидатите поради судир на интереси.
И кандидатите кои се пријавени за програмскиот совет на МТВ, ќе бидат проверувани од Антикорупциската комисија дали имаат судир на интереси.
Пријавени се 18 кандидати.
По одговорот од Антикорупциска ќе има јавна расправа на која кандидатите ќе ги претстават своите програми.
Јавната расправа ќе се одржи по одморите.