НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Груевски најави 400 хидроелектрани- за СДСМ тој нема кредибилитет

0
By Нова ТВ on November 21, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата наскоро ќе објави тендер за издавање под концесија 80 нови локации ширум земјава за изградба на мали хидроелектрани, најави премиерот Никола Груевски.

– До крајот на годинава постапката ќе биде отворена, а се надевам и дека ќе биде завршена. Новина е што овој пат имаме подобро подготвени тендери со направена физибилити студија за секоја од локациите, така што секој инвеститор однапред ќе знае каква хидроелектрана може да се направи, која е нејзината вредност, слабост и предност и со колкава моќ може да располага. Во 80-те мали хидроелектрани ќе се вложат 176 милиони евра, рече премиерот Груевски.

– Нашиот зацртан план е да имаме 400 мали хидроелектрани и за толку се одредени места дека може да се направат низ Македонија. Како завршуваат физибилити студиите дел по дел ќе ги објавуваме, рече Груевски и додаде дека веќе се работи на следната фаза.
Изградбата на малите хидроелектрани, според премиерот Груевски, ќе биде значајна за енергетскиот потенцијал на Македонија.

Потсети дека Владата во овој момент преку АД ЕЛЕМ инвестира околу 33 милиони евра во ревитализација и модернизација на шесте големи хидроелектрани во Македонија.

СДСМ: Груевски нема никаков кредибилитет да зборува за енергетиката

Новото ветување на премиерот Никола Груевски за изградба на 400 хидроелектрани доаѓа 4 години после историски најголемото лажно ветување на Груевски дека ќе обезбеди 8 милијарди евра инвестиции, реагираат од СДСМ.

Тие потсетуваат дека за време на владеењето на Никола Груевски, во изминатите 7 години не е изграден ниту еден енергетски капацитет.

„Просечното годишно производство на електрична енергија на АД ЕЛЕМ е намалено за речиси 8% во однос на периодот до 2006 година.

– Увозот на електрична енергија е зголемен за дури 60%, за што на сомнителен начин и низ нејасни процедури се трошат стотици милиони евра годишно.

– Дополнително, владата на Груевски ја зголеми цената на електрична енергија и ја укина ефтината тарифа што е сериозен удар врз стандардот на граѓаните.

Имајќи го ова предвид, заедно со досегашното пропаѓање на 9 тендери за изградба на хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ јасно е дека Никола Груевски нема никаков кредибилитет да зборува за енергетиката“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Според опозицијата единствено „успех“ на владата на Никола Груевски е тоа што ја направи Македонија зависник од увоз на струја, трошејќи пари на споменици и барок, наместо инвестиции во капитални енергетски објекти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.