Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО ДПМНЕ ќе бара одложување на пописот за 2021

0
By Соња Петрушевска on July 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 30, 2019 12:08

Пред денешната нова средба меѓу власта и опозицијата за предлог – законот за попис на населението, преговарачот од ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски најави дека опозицијата ќе бара пописот да се спроведе во 2021 година, а не наредната година како што предлага власта.

„Пописот не треба да користи за политички цели и да биде предмет на калкулации меѓу партиите. Тоа видовме дека не е добро –  рече Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ на прес конференција во Собранието.

Димовски исто така напомена дека ,,пописот не треба никој да го сфати како страв или радост за добивање или губење на граѓански права“.

ВМРО ДПМНЕ ќе бара пописот да се одржи во 2021 година за да има доволно време за подготовки.

Во однос на законот рече дека во него треба прецизно да се дефинира што е резидентно население,  да се наведат документите потребни за идентификација ( лична карта, пасош), оние кои ќе се пријават преку електронската евиденција да не се запишуваат како резидентно население и да се спречи можноста секој да може да дава податоци за друго лице.

–  Сега како што е предложено – едно лице може да дава податоци и за луѓето кои живеат во 10 други куќи – рече Димовски.

ВМРО ДПМНЕ нема доверба во директорот на Државниот завод за статистика и затоа предлага Собранието да изгласа колективно тело кое ќе биде составено од академици и професори и кое ќе биде организатор на целиот процес.

Според Димовски причина за пропаднатиот попис во 2012 година бил ,,сомнежот дека се собираат податоци кои не се реални“.

– За тоа се понесе политичка одговорност. Кога би биле попаметни, искуството треба да го искористиме – рече Димовски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.