Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сеќавање на еден град

0
By Нова ТВ on November 22, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 22, 2013 12:31

Денеска и утре во ГЕМ клубот, во Менада во Старата Скопска чаршија, се одржува регионална конференција како дел од проектот „Сеќавање на еден град“: Микроутопии и стварности.

Работилницата „Аутомакедонија – сигурно место?“ со Борис Бакал (Shadow Casters, Загреб) има за цел да поттикне дијалог не само меѓу експерти туку и со пошироката јавност за прашања поврзани со јавниот простор како и местото на поединецот во него и неговата лична одговорност во време на негово целосно редефинирање, комодифицирање и контролирање.

Јавниот простор е сé повеќе узурпиран од неолибералните сили како приватизацијата и комерцијализацијата но и од државната контрола и идеолошки апарат при што се органичува идејата за заеднички, отворен и дискурзивен простор што доведува до сериозно нарушување на граѓанскиот идентитет со крајно сериозни политички импликации врз демократијата.

Преку разгледување на различни типови на активистички и граѓански проекти кои го преиспитуваат моделот за јавен простор како отворена платформа за граѓанско делување, во рамките на различните презентации, дискусии и работилница, овој проект се стреми да ги постави но и разгледа прашањата: што е јавен простор и чиј е јавниот простор и од друга страна, што си замислуваме (или посакуваме) дека треба да биде јавен простор?


Конференцијата е составена од кратки презентации на иницијативи и проекти продуцирни во земјава и регионот со цел пошироко да се поразговара за прашања поврзани со јавниот простор а во корелација со:

1. Граѓански активизам ПРОМАШЕН ГРАД – кои се местата од јавен карактер и што тие им нудат на активистите? Јавниот простор како место каде се одвиваат движењата за социјална правда;

2. Современи уметнички практики во јавен простор ОРНАМЕНТОТ Е ЗЛОЧИН? – (не)инволвираноста на уметниците и работниците во културата во менувањето на јавниот простор;
3. Современата критичка теорија и перцепцијата на јавниот простор ГРАДОТ, ЦЕНТРАЛИЗИРАНА МАРГИНА;

4. Институциите на културата и уметноста како актери во јавната сфера ИМАМ ИНСТИТУЦИЈА, ЗНАЧИ ПОСТОЈАМ? – место на инклузивност, партиципација и отворена дебата.

5. Правата на маргинализирани заедници – ЛГБТ заедница ГРАДОТ ИМА ЉУБОВ СКОРО ЗА СИТЕ– јавното место како антагонистичко место составено од многу различни светогледи и како извор на легитимитет на различни општествени групи;

Во време кога идејата за правото на град стана силен императив предизивикан од насилната желба за конструкција на нов урбан идентитет проследен со бројни закани по урбаното живеење, ургентна е потребата од контруирање на нови механизми со кои граѓаните ќе и се спротистават на оваа ситуација. Во последните години, сведоци сме на насилна узурпација на градскиот живот преку различни (пред сé физички) форми на бришењето на историјата и меморијата на едно веќе дефинирано градско јадро, коешто се одразува како метастаза и во други области (не само физички) од градот коишто го дефинираат неговиот културолошки идентитет.

Слични проблеми се препознаени во регионот, каде машинеријата на државниот капитализам безмилосно ги поттиснува правата на граѓаните чии механизми за отпор остануваат заглавени во доминантните владеачки позиции во силен спрег со моќта на пазарот.

Во таа смисла, овој проект се стреми да отвори нов простор за разговор, дискусија, размена на искуства со цел да се создадат нови идеи за решенија и видливост на проблемите.
За крај, само ќе се потсетиме на едно предавање на архитектот Живко Поповски од пред 10-тина години, во кое изјави „ Скопје ја изгуби професијата шетач, професијата шетач во еден град е многу сериозна работа“. Е, така некако го доживуваме овој град, шетачите се изгубија, градот остана празен, доволен на самиот себе.

Гости – предавачи: Никола Наумоски (Македонија), Теодор Целакоски (Хрватска), Тадеј Курепа (Србија), Максим Наумовски и Оливер Илиевски (Македонија), Васко Лазаревски (Македонија), Ивана Драгшиќ (Македонија), Иницијатива Кооперација (Македонија), Борис Бакал (Хрватска), Немања Цвијановиќ (Хрватска), Елена Вељановска (Македонија), Никола Гелевски (Македонија), Катерина Колозова (Македонија), Горан Јанев (Македонија), Артан Садику (Македонија), Зоран Петровски (Македонија), Славен Тољ (Хрватска), Искра Гешоска (Македонија), Никола Писарев (Македонија), Дина Јокановиќ (Хрватска), Ирена Цветковиќ (Македонија), Велимир Жерновски (Македонија), Кочо Андоновски (Македонија).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.