Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сејрановиќ: Ќе го продолжам патот до Црното море

0
By Нова ТВ on November 22, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 22, 2013 13:52

Се започнало како виц – Босанец, Јапонец и Норвежанец тргнале на пат до Црното Море. Пловат по Сава, па по Дунав до местото каде што Морава се влева во Дунав, но не успеваат да стигнат до Црно Море.

Документарниот филм „Од Токио до Морава – Средба на еден Јапонец со Балканот“ е приказна за тројца луѓе од различни нации кои на свој начин го доживуваат Балканот, а сето тоа е забележано со стилската рака на режисерот Моку Тераока, кој порано никогаш не беше ни чул за Балканот. Се до моментот кога решава да ја прифати понудата на Сејрановиќ.

Автор на сценариото е писателот Беким Сејрановиќ, кој ја напушта Југославија за време на војната 1993 и емигрира во Норвешка, филмот го регистрира неговиот обид повторно да се сретне со убавините и спомените на својата сега веќе разрушена земја.

На патувањето им се случуваат разни згоди и незгоди и запознаваат најразличен народ, од обични луѓе до признати уметници, па сè до необични жители кои живеат крај реките. Не успеваат да стигнат до Црно Море затоа што пребавно патуваат и патем премногу застануваат на одредени места.

Писателот Беким Сејрановиќ сепак вели дека не се откажува од идејата да стигне со брод до Црното Море. „Ќе купам нов брод и ќе го продлжам патот до Црното море. Кога ќе соберам доволно пари од продажба на моите книги“, вели Сејрановиќ.

Тој открива дека има план и да напише роман базиран на неговите очекувања од тоа ново патување кое допрва треба да се случи.

Следниот свој нов роман, како што откри на промоцијата на неговиот роман „Поубав крај“ во Скопје, ќе го издаде како Норвежанец, на тој начин ќе добијам десетпати поголем хонорар.

Сејрановиќ во Скопје престопјува како дел од првата резиденцијална програма за книжевници „Скопје 2013“ под мотото „Апсолутно модерен“, во организација на издавачката куќа „Готен“. 

Пред македонската културна јавност беше претставен македонскиот превод на романот „Поубав крај“ од Беким Сејрановиќ, во издание на „Блесок“.

Стилот на Сејрановиќ е среќна комбинација од балканска возбуденост и желба да се раскажува, и нордиска воздржаност и склоност кон концизен, ритмичен јазик. Сето тоа е зачинето со блага иронија и црн хумор, што на романот му додава дополнителен квалитет.

Романот „Поубав крај“ следи две напоредни приказни. Првата е љубовна и е сместена во Норвешка; втората опишува што подоцна му се случува на протагонистот додека седи во една дрвена колиба во босанските планини, сеќавајќи се на минатото и прашувајќи се дали некогаш воопшто ќе може својот живот да го претвори во нешто убаво и среќно. Истовремено, животот несопирливо тече понатаму, донесува нови настани и на сцената воведува нови личности. Прашањето кои неодминливо се поставува е дали животот – тој постојан и незапирлив процес – може да биде обликуван во приказна со „поубав крај“?

Беким Сејрановиќ е роден во 1972 во Брчко, Босна и Херцеговина. Неговото семејство се преселило во Риека, Хрватска, во 1985. Таму завршил средно поморско училиште и запишал Хрватска книжевност на Универзитетот во Риека. Поради југословенските војни, во 1993 година е принуден да емигрира во Норвешка, каде што и денес живее. Дипломирал Јужнословенски книжевности на Универзитетот во Осло (1999), каде работел и како предавач по Јужнословенски книжевности и по босански, хрватски и српски јазик од 2001 до 2006 година.

Бидејќи има босанско потекло, а пишува на хрватски и има норвешко државјанство, се смета за босански-хрватски-норвешки писател и преведувач од норвешки. Ги објавил книгата раскази „Мавање“ (2002) и романите „Никаде, од никаде“ (2008) за кој ја добил наградата „Меша Селимовиќ“ за најдобар роман од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, „Подобар крај“ (2010), и „Сандали“ (2013).

Моку Тераока е роден 1971 година во Хирошима. Дипломирал скулптура од Академијата за уметности во родниот град, во 1993 година, а со сликарство и филм почнал да се занимава во 2001 година. Пет години работел како тв режисер во една токиска телевизија. Потоа се посветува на патувањето и главно прави документарци за своите патувања. Изложувал во Сохо, Нујорк и добивал награди за своите скулптури. Неговата филмска и тв продукција опфаќа документарни филмови и музички спотови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.