Загреб веќе со часови е под блокада поради убиства во населбата Кајзерица, каде, според локални медиуми, убиени се шест членови од едно семејство. Загрепската полиција соопшти утрово дека шесткратниот убиец на лица од едно семејство извршил самоубиство.
-За време на потрагата беше лоциран во Брезовица. При обидот за апсење извршил самоубиство, соопштија од полицијата во Загреб.
Убиството на шест лица беше извршено околу 21.30 синоќа.
Во населбата Кајзерица, во Нови Загреб беа убиени се шест членови од едно семејство, а полицијата интензивно трагаше по сторителот.
„Јутарњи лист“ објави дека шест члена на исто семејство биле убиени, а седуммесечно бебе е единственото преживеано.
Љубомората се споменува како мотив за убиствата, објави Јутарњи лист. Весникот пишува дека убиецот е Игор Наѓ, таксист. Неговото возило Шкода Октавиа било пронајдено покрај напуштена зграда во близина на Брезовица.
Според „Вечерњи лист“, станува збор за семејно насилство во кое маж ги убил својата поранешна сопруга и нејзиниот нов партнер, како и четири деца.
Петтото дете, седуммесечно бебе, е рането и хоспитализирано во детска болница.




