Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рускиот драмски театар „Караганда“ од Казахстан вечерва на Охридско лето

0
By Нова ТВ on August 2, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 2, 2019 11:26

Вечерва драмската програма на „Охридско лето“  ја има резервирано за Рускиот драмски театар „Караганда“ од Казахстан чија бројна актерска екипа ќе ја игра претставата „Сон на летната ноќ“ на Вилијам Шекспир, поставка на американскиот режисер Џон Блондел.

За драмата „Сон на летната ноќ“ Блондел вели дека е комична медитација за мистеријата на љубовта, како и фестивалска слава на самиот театар.

„За мене, тоа е една од најдобрите комедии на англиски јазик, и во средината на лудилото на играта се потпира на некои испреплетени прашања. Што е љубовта? Од каде доаѓа? Што се случува кога доаѓа во зрак од светлина или ја краде како крадец во ноќта. Сцената нуди одлично место за ослободување на овие прашања, и гледање како ликовите се справуваат со последиците на некои од прашањата. Шекспировата приказна ги спојува смртните, духовните и театарските светови и развива бројни перспективи за природата на љубовта. За мене, нејзините мистерии се бескрајни, нејзините радости се огромни, и капацитетот да се разбуди чудо е неспоредливо. Тоа е ремек-дело за сите нас, а со рускиот театар од Караганда, именуван по Станиславски, ќе уживате“ вели тој.

Џон Блондел е основач и уметнички директор на „Лит Мун театар“ и професор по драмска уметност во Санта Барбара, Калифорнија.

Блондел режирал повеќе од 80 продукции и се преставил на 70 различни меѓународни фестивали, добитник на бројни награди за режија и настава, вклучувајќи ги и тринаесетте независни театарски награди.

Од 2010 година, Џон ја одржува значајната меѓународна практика, вклучувајќи и продукции за Тампереен Театри (Финска), Национален театар на Албанија и четири продукции за Народниот театар во Битола, вклучувајќи ја и претставата „Хенри VI“, третиот дел избрана на фестивалот од 2012 година во Лондон.

Улогите во претставата ги толкуваат Алексеј Браилко, Артјом Жангиров, Антон Звонов, Азиза Зеинешева, Оксана Игнатенко, Павел Кондратиев, Владимир Левтеров, Руслан Мајевскиј, Марина Маричева, Богдан Пинка, Константин Снегирев, Светлана Федоренко и Денис Цветков.

Претставата што премиерно беше изведена на 22 јуни оваа година ќе се игра на сцената „Долни Сарај” со почеток од 21 часот.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.