НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мицкоски: Заев ја штити Катица за да не проговори како се местеа случаи во СЈО

0
By Нова ТВ on August 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски побара брзи предвремени избори за да се победи Заев кој бил олицетворение сите неуспеси на државата.

„Македонија секогаш во историјата имала свои колективни неуспеси, квислинзи и катастрофи. Денес сето тоа е собрано и олицетворено во  Зоран Заев“ рече Мицкоски на Илинден од селото Ташмаруниште, Струга.

Мицкоски зборуваше за предавници кои слугувале за„ скапо платените жолтици рекетирани од македонскиот напатен народ“ и кои ќе ги прател на  буништето на политичката историја.

„Правдата е замолчена, а криминалниот октопод царува. Новинари се викаат на сослушување, а криминалците за кои тие пишуваат се уште се на државна плата, или на чело на скапите тендери платени со државни пари. И не е проблем ниту првото, ниту второ осомничениот во случајот Рекет. Сите знаат, сите знаат во оваа земја дека ниту прво ниту второ осомничениот немаше да има никаква сила доколку неговиот грб не беа функционерите од врхушката на СДСМ, во јавноста познати како Кики, Фрики, предводени од сценаристот, режисерот и предводникот Зоки Поки.

Знам, добро знам дека имаше и луѓе кои поверуваа дека Зоран  Заев и сега компромитираното СЈО ќе донесоа некаква правда, но драги пријатели гледате дека ве разочараа.

Сите нас не разочараа. Ова СЈО веќе не е алатка за носење на правда, туку алатка во рацете на Зоран Заев и власта за правење на  неправда. Не може да се очекува правда, од нешто што не само што ја навредува нашата интелигенција туку служи и за потсмев. Па еден ден ќе слушнете како Катица го загубила телефонот, вториот ден дека тој бил кај снаата, а третиот ден таа форензички го исчистила.  Се ќе направат да ја спасат од обвинение, не затоа што Заев е многу хуман а Катица невина, туку затоа што Катица премногу знае, а Заев се плаши да не проговори за сето она што го правеа со СЈО-како местеа случаи, како креираа случаи за да уценуваат бизнисмени за рекет, како креираа случаи за да можат да влијаат врз однесувањето на политичарите, како прогонуваа и заштитуваа криминал, тоа е алатката со која Зоран Заев дојде и сака да се одржи  на власт. Но, сега за сето ова знае и опозицијата и дел по дел ќе знае и народот во Република Македонија“ рече Мицкоски.

Тој му порача на Заев дека повеќе не е во состојба да поставува услови, ниту  да диктира темпо.

„Нему му преостанува да ги планира деновите по неговото политичко заминување. Да преиспита каде се огрешил пред законот, каков криминал сторил и колку долга ќе биде казната која што ќе треба да ја отслужи за да може колку толку да им се извини на народот и на граѓаните во Република Македонија за сите злодела кој што ги направи тој и неговите обожаватели од врхушката на власт“ рече Мицкоски.

Тој во својот говор ги спомена и осудените за упадот во Собранието на 27 април – Јане Ченто, Митко Чавков, Горан Ангелов, Митко Пешев кои според Мицкоски биле невини.

За Гоце Делчев рече дека „ е нашата светост, и ќе преговараме и ќе разговараме се додека не докажеме која е вистинската вистина дека Гоце е Македонецот кој што се борел за независна, суверена и македонска  држава. А ние сме Македонци од Македонија, тоа сме биле и ќе продолжиме да бидеме“.

Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.