Во Клубот на пратениците попладнево почна средбата на премиерот Груевски и лидерот на СДСМ Црвенковски, на која ќе се обидат да изнајдат решенија за политичката криза и за учество на опозицијата на претстојните избори.
На средбата присуствуваат и Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на премиерот Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот секретар на СДСМ Андреј Петров и пратеникот Јани Макрадули.
Сите присутни пристигнаа навреме освен премиерот кого мораа да го почекаат 20-тина минути.