Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Индија ја укинува уставната автономија на Кашмир

0
By Нова ТВ on August 5, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 5, 2019 10:46

Индиските власти донесоа претседателска уредба со која го укинаа специјалниот статус на државата Џама и Кашмир, што беше гарантиран со Уставот. Ова се смета за чекор без преседан кој може да предизвика немири.

Претседателскиот указ стапува на сила веднаш и тој ќе го замени членот 370 од Уставот што се однесува на Џама и Кашмир, се наведува во текстот што го пренесе владата.

Членот 370 од индискиот Устав се однесува на специјалниот статус на Џама и Кашмир во областа на одбраната, надворешните работи и комуникациите, а останатите прашања потпаѓаат под локалното законодавство.

Телефонските врски и интернет сервисите од денеска се суспенцирани во индискиот дел на Кашмир, а државните лидери се ставени во домашен притвор, пренесоа британските медиуми.

Индиските власти во Кашмир соопштија дека воведуваат рестрикции за јавни движења и дека ги затвораат сите образовни институции во главниот град Срингар.

И покрај критиките од опозицијата, веста за укинување на автономниот статус на Кашмир во Парламентот ја соопшти министерот за внатрешни работи Амит Шах.

Пред парламентот, исто така, беше претставен предлог закон за поделба на ова подрачје. Источниот дел Ладак, во кој живее будистичко мнозинство, ќе биде раздвоен.

Остатокот од Џама и Кашмир, што ги подразбира рамнините Џама со хиндуистичка популација на југот, и долината Шрингар со муслиманско мнозинство на северот, ќе го загубат статусот на федерална држава и ќе добие статус на „територија на Унијата“. Тоа значи дека ќе биде под директна власт на Њу Делхи и нема да има речиси никаква автономија.

-Денеска е најцрниот ден за индиската демократија, на Твитер наведе поранешната шефица на власта во Џама и Кашмир, Мехбуба Муфти.

Според неа, едностраната одлука на индиската Влада за укинување на членот 370 од Уставот е незаконска и противуставна, со што Индија станува окупациска сила во Џама и Кашмир.

Индија ја зголеми борбената готовност на војската

Во меѓувреме, индиската војска е во состојба на зголемена борбена готовност, пренесе агенцијата Ани на Твитер.

Индиските власти веќе почнале со префрлање на дополнителен контингент од 8.000 војници во Џама и Кашмир.

Телевизијата НДТВ јави дека од рано утринава воено-транспортни авиони префрлаат војници на аеродромот од престолнината на Кашмир, Шринагар. Телевизијата наведува дека војниците ќе го засилат контингентот од 35.000 војници што веќе сенаоѓа во Џама и Кашмир.

Медиумите јавуваат дека илјадници Индуси аџии, кои тргнале во храмот Амарнат во Кашмир, се враќаат во своите домови, како што владата им препорача кон крајот на минатата недела.

Индиската полиција ноќеска ги уапси сите позначајни лидери на регионалните партии. Меѓу нив се и поранешниот главен министер на оваа држава, Мехбуба Муфти, како и лидерот на опозицијата во регионалниот парламент, Омар Абдулах.

Во еден дел од државата почнаа спонтани и стихијни протести на одлуката на индиската власт да се укине специјалниот статус на Џама и Кашмир.

Осуда од Пакистан

Пакистан го осуди и отфрли индискиот потег на укинување на специјалниот уставен статус на регионот Кашмир, предупредувајќи дека ќе ги искористи сите мерки што му стојат на располагање за да се спротивстави на „илегалниот чекор“, јави ДПА.

-Индија ја окупира Џама и Кашмир како меѓународно призната спорна територија, реагира Министерството за надворешни работи на Пакистан во соопштение.

„Ниту еден унилатерален чекор на индиската Влада не може да го смени овој спорен статус… Ниту, пак, некогаш овој чекор ќе биде прифатен од жителите во Џама и Кашмир“, изјавија од министерството, додавајќи дека неговиот статус е поддржан со резолуции на Советот за безбедност на ОН.

„Пакистан ја реафирмира посветеноста на каузата за Кашмир и дава политичка, дипломатска и морална поддршка за луѓето од окупираниот Џама и Кашмир за реализација на нивните неприкосновени права за самоопределување“, се наведува во соопштението на пакистанското МНР.

Од 1989 година бунтовниците во овој регион се борат за независност на Кашмир од Индија и припојување кон Пакистан, државата која контролира дел од оваа територија.

Проценките се дека од почетокот на конфликтот досега загинале 68.000 лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.