Бројот на загинати во масакрот во американскиот град Ел Пасо, Тексас, денеска се искачи на 22, откако две повредени лица им подлегнаа на повредите.
Д-р Стивен Флаерти од Медицинскиот центар Дел Сол објави дека еден пациент починал денеска, додека претходно полицијата соопшти дека уште едно повредено лице им подлегнало на повредите.
Нападот во Ел Пасо се случи во саботата навечер, само неколку часа пред друг напад во Охајо, каде загинаа девет лица во Дејтон, а 16 беа повредени.
Нападот го изврши 21-годишниот Патрик Крузиус од градот Алена во Тексас.
Медиумите објавија дека 20 минути пред да го изврши масакрот, тој објавил расистички манифест на Твитер. Во документот Крузијус пишувал за „инвазија на Латиноамериканци во Тексас“. Тој ги обвинувал мигрантите дека им ги земале работните места на Американците и се мешале во културата на Американците. Нападот не го сметал за акт на империјализам, туку одбрана на државата од ваквата инвазија. Негова мета беше трговски центар во кој често доаѓаат мексикански туристи.




