Американскиот претседател Доналд Трамп вчера побара Министерство за правда да предложи такви закони кои ќе обезбедат оние кои ќе сторат масовни убиства и злосторства од омраза да се соочат со смртна казна, како и овие најстроги казни да бидат одлучно и брзо спроведени.
Во обраќањето од Белата куќа по двете масовни убиства во Тексас и Охајо, Трамп додаде дека партиската припадност во таквите случаи мора да биде оставена настрана и да се биде единствен во осудата бидејќи тие „варварски масакри претставуваат напад врз нашата заедница, врз нашата нација и злосторства против човештвото, пренесе Еј-Би-Си њуз.
То предупреди и на опасноста што ја носат интернетот и социјалните мрежи, како и на бруталните крволочни видео игри, кои, како што кажа, се одговорни за „глорификацијата на насилството во нашето општество“.
-Треба децидно да се отфрли јазикот изустен од кој и да било од нашите лидери што ги потхранува стравот и омразата. Лидери кои ги демонизираат оние со друга боја на кожата или убедуваат дека другите, вклучувајќи ги имигрантите, се закана за нашиот стил на живот, или се обраќаат кон други како кон луѓе од понизок ранг, или имплицираат дека Америка им припаѓа само не одреден тип на луѓе, напиша поранешниот американски претседател Барак Обама на Твитер, кој иако не го спомена директно, алудираше на изјавите на Трамп.
Тој ги критикуваше оние кои сметаат дека „построги закони за контрола на носењето оружје нема да ги запрат убиствата“.
Тој укажа дека се додека не се повикаат на одговорност политичарите кои можат да го променат законот, овие трагедии ќе се случуваат и понатаму“.





