Европскиот совет синоќа го именуваше министерот за надворешни работи на Шпанија Жозеп Борел за ноп шеф на европската дипломатија.
Европските медиуми пренесуваат дека членките на ЕУ и официјално го именуваа Борел за наследник на Федерика Могерини на функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Борел должноста ќе ја преземе кон крајот на октомври, се наведува во соопштението на Европскиот совет.
Советот го именуваше Борел по изборот на новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Изборот сега треба да биде потврден и од Европскиот парламент, заедно со сите други членови на ЕК.
72-годишниот шпански социјалист досега беше шеф на шпанската дипломатија во владата на Педро Санчез.
Борел во шпанската политика е од доцните 1970-ти години. Од 2024 до 2007 година тој беше претседател на Европскиот парламент.




