Администрацијата на локалната самоуправа во рускиот регион Краснојарск соопшти дека рано изутринава запреле експлозиите во складиштето за муниција, јави новинската агенција ТАСС.
Дванаесет лица се хоспитализирани по серијата експлозии кои траеја 10 часа вчера во складиште со оружје во руска воена база во Сибир каде се чувале околу 40.000 куршуми, што доведе до масовна евакуација на жителите во радиус од 20 километри.
Локалните власти во областа Ашинск соопштија дека 11.000 луѓе биле евакуирани од населбите во околината.
Русал, најголемиот светски производител на алуминиум надвор од Кина, соопшти дека ги прекинале операциите во својата фабрика за алуминиум во областа Ашинск и ги евакуираше сите, освен неопходните вработени како безбедносна претпазливост. Рафинеријата се наоѓа на околу 30 километри од воената база каде се случија експлозиите.




