Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Показатели за првото економско полугодие – трговија, индустрија, градежништво!

0
By Нова ТВ on August 6, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 6, 2019 16:51

Недостигот на обучен кадар, слабата побарувачка од купувачите, зголемените трошоци за труд и зголемената конкуренција на пазарот се четирите клучни фактори кои имаат најголемо влијание врз ограничување на економската состојба во фирмите што се занимаваат со трговија на мало, пренесува анализата на Portalb.mk.  Државната статистика измери пад на индустриското производство во пакет со намалување на бројот на вработени во индустријата во јуни годинава во споредба со истиот месец лани.  Еве што покажуваат податоците за економската активност и состојба во различни сектори:

Индустрија  – намалување на број на вработени и на производството

Во јуни годинава во споредба со истиот месец лани, статистиката регистрираше намалување на бројот на работници во индустријата за 2,8%. Тренд на пад на бројот на вработени има и на годишно ниво а за 1 отсто бројот на работници е намелен од јануари до јуни во споредба со истиот период лани.

Оваа состојба е регистрирана во секторите кои апсорбираат поголем број на вработени, па така во преработувачката индустрија во јуни годинава во споредба со јуни,лани бројот на вработени е намален за 3%,  во сектоорт рударство и вадење камен намалувањето изнесува 1,9% а во сектоорт “снабдување со електрична енергија и гас“ бројот на работници се намалил за 0,5%.

„Во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3.7%, додека опаѓање бележи кај енергија за 1.3%, интермедијарни производи, освен енергија за 3.5%, трајни производи за широка потрошувачка за 5.0% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.1%“ – соопштуваат од Заводот за статистика.

Како претходница на овие показатели, државната статистика објави дека на крајот од првото економско полугодие е измерен индекс на пад на индустриското производство за 2,7% во однос на јуни 2018 година.

Состојба на индустриско производство по сектори (јуни 2019):

 Рударство и вадење на камен + 5.2%

Преработувачка индустрија  -6.7%,

Снабдување со ел. енергија, гас + 34.3%

„Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели:  производство на прехранбени производи, производство на пијалаци,  на тутунски производи, производство на облека,  на кожа, на метали, и производство на компјутерски, електронски и оптички производи“ – објаснуваат од Државната статистика.

Индустриското производство во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година е во раст со 4.8.

Состојба во трговија – довербата на менаџерите се намалува

Менаџерите од трговијата на мало искажеле намалена  доверба на крајот од првото економско полугодие. Имено, во второто тромесечје од годинава во однос на првото тромесечје индикатот на доверба во овој сектор е намален за 0,2 процентни поении,  а е зголемен за 0,4 процентни поени во однос на истот тромесечје од 2018 година.

„Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2019 година е понеповолна во однос на претходното тримесечје, а e поповолна во однос на истото тримесечје од 2018 година. Се очекува да биде понеповолна и во наредните две тримесечја. Количеството на залихите е на еднакво ниво како и во претходното тримесечје. Финансиската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното од 2019 година. Оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ке се намалат, како и за бројот на вработените“ – објавува државната  статистика.

Инаку, во секторот “трговија на мало“ продажните цени во второто тримесечје од 2019 година се зголемени во однос на претходното, а се очекува нивно зголемување и во наредните три месеци. Еве кои фактори имале најголемо влијание врз ограничувањето на економската состојба на фирмите во текот на второто тримесечје од 2019 година:

-недостигот на обучен кадар со 21.0 %

-слабата побарувачка од купувачите со 20.2 %

– зголемени трошоци за труд со 18.4 %

– зголемената конкуренција на пазарот со 16,8 %.

Состојба во градежништво – довербата на менаџерите се зголемува

За разлика од очекувањата и оценките за состојбата во трговијата на мало, во градежништвото според менаџерите од овој сектор, довербата во второто тромесечје за економската состојба во фирмите се зголемува. Имено индикаторот на доверба во второто тримесечје од 2019 година е повисок за 0.2 процентни поени во однос на првото тримесечје од 2019 година, а e повисок за 0.7 процентни поени во однос на истото тримесечје од 2018 година.

“Очекувањата за вкупните порачки (договори) за градежни работи се поповолни во однос на претходното тримесечје. Очекувањата за бројот на вработени се дека тој ќе се зголеми. Оценката за економската состојба во второто тримесечје од 2019 година е поповолна во однос на претходното тримесечје, а е поповолна и во однос на второто тримесечје од 2018 година. Сегашната состојба со порачки (договори) на нивните деловни субјекти е поповолна во однос на претходното тримесечје, а оценката за финансиската состојба е понеповолна“ – велат од Заводот за статистика.

Во наредниот период, според оценките на менаџерите,  се очекува продажните цени во градежништвото  да се зголемат, a бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата да се над нормалата. Најголемо влијание врз ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: отсуство на побарувачка со 18.5%, зголемени трошоци за материјали со 17.9% недостиг на обучен кадар со 15.6% и конкуренција во сопствениот сектор со 12.0%.

На ниво на целата држава, Бруто домашниот производ во првиот квартал изнесува 4,1% што е една од повисоките стапки на раст измерени во изминатите години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.