Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трајковски по трансферот од Сицилија на Балеарите: Форца Мајорка

0
By Нова ТВ on August 7, 2019 СПОРТ
Фото: facebook.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 7, 2019 22:29

Ден за честитки за македонскиот фудбалски репрезентативец, Александар Трајковски. Ги добива од сите страни и секаде. Сандачето на неговиот мобилен телефон е преполно, налозите на социјалните мрежи се оптоварени со максимум. А, има и зошто. Досегашниот крилен напаѓач на националниот тим и на Палермо се смести во нова средина во кариерата. Италијанскиот остров Сицилија го замени со шпанските Балеари каде, според договорот, треба да остане до 2023 година.

Александар Трајковски од денеска е нов член на тимот на Мајорка, повратник во шпанска Примера. Потпиша договор на четири години и стана втор македонски фудбалер во конкуренцијата во која главниот збор го имаат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Севилја, Валенсија, итн. по Енис Барди кој одлично се снајде и вклопи во Леванте.

„Среќен сум што станав дел од овој клуб и проект. Се надевам дека ќе бидам успешен и ќе имам добра сезона. Форца Мајорка“, објави македонскиот репрезентативец на Фејсбук.

Во Шпанија пристигна од Италија каде, како што објави, минал четири незаборавни години во Палермо. Трајковски е дете на Цементарница 55. Од поранешниот лигаш во Кисела Вода замина во Интер Запрешиќ каде се задржа една сезона (2010/11), потоа четири мина во Зулте Варегем (2011/15) и четири од предвидените пет во Палермо (2015/19). Во меѓувреме беше трансферна цел на Динамо Загреб и на Андерлехт, беше на проба и во Челзи за кој настапи и на пријателски турнир „Куп на Амстердам“ за фудбалери до 19 години и постигна гол против Ботафого.

Добрите клупски партии беа препорака за него да добие повик и во македонската репрезентација во чиј дрес дебитира во 2011 година, а во 2015 година беше прогласен и за фудбалер на година во традиционалниот избор на најдобрите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.