НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Изложбата „100 години Требениште“ останува во Скопје до крајот на август-досега ја виделе 10.000 посетители

0
By Нова ТВ on August 8, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште 20-ина дена јавноста има можност во Археолошкиот музеј во Скопје да ја види ексклузивната меѓународна изложба „100 години Требениште“  која претставува околу 400 вредни артефакти откриени во некрополата Требениште кај Охрид, меѓу кои е и златната маска прикажана на 500-денарките.

Од нејзиното откривање во 1932, оваа маска првпат ја напушти матичната поставка во Народниот музеј во Белград за да гостува во Археолошкиот музеј по повод едновековниот јубилеј од откривањето на некрополата Требениште во 1918 година. Од Археолошкиот музеј за МИА велат дека од средината на март, кога беше отворена, изложбата досега ја виделе речиси 10 000 посетители.

Изложбата „100 години Требениште“ беше долго подготвувана и организирана во соработка со Народниот музеј во Белград и Националниот археолошки институт и Музеј во Софија, каде што ќе гостува во наредните две години како заеднички проект на три држави.  Интерес има и во Париз, Берлин, Загреб и Виена, како и во други градови за кои Археолошки дополнително ќе информира по затворањето на изложбата на 31 август.

Посетителите најмногу ги привлекле и се интересирале токму за четирите златни маски т.е. одразите на ликови од непознати владетели втиснати во златна фолија. Се работи за великодостојници кои во 6 и 5 век п.н.е., во т.н. архајски период, го населувале северниот брег на Охридското Езеро. Но, исто така, посетителите се восхитени и од изложениот накит од злато, сребро и килибар, ексклузивните садови изработени од сребро и стакло, керамика итн.

Сето тоа било скриено повеќе од две и пол илјади години под слоеви земја во гробницата во Требениште до случајното откривање на 20 мај 1918 година кога бугарски војници го поправале патот меѓу Охрид и Кичево, веројатно за воени потреби. Во градежните зафати тие користеле камења од околните ниви.

Златната маска претставена на нашата банкнота од 500 денари е откриена во 1932 година при втората кампања на истражувањата на требенишката некропола од српски археолози. Таа е најдена во гроб на женски покојник и засега е единствената златна маска откриена на овој локалитет која ѝ припаѓа на благородничка, за разлика од останатите три златни посмртни маски кои им припаѓаат на требенишките владетели.

Оваа и уште една златна маска од четирите претставени на изложбата се чуваат во Народниот музеј во Белград, а другите две златни маски денес се дел од збирката на Националниот археолошки институт и Музеј во Софија. Сите четири маски потекнуваат од 6-тиот и почетокот на 5 век п.н.е.

До крајот на август изложбата  е отворена за посетители од вторник до недела од 10 до 18 часот. Влезот е 200 денари.

Гостувачката изложба од Казахстан, пак, која го прикажува Златниот човек – најпознатиот артефакт на таа азиска земја, во Археолошкиот музеј може да се види до недела, 11 август. Влезот за оваа изложба е бесплатен

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.