НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чадиковски заедно со двајца анестезиолози и официјално си замина од кај Жан Митрев

0
By Менче Атанасова Точи on August 8, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Доктор Владимир Чадиковски денеска и официјално го доставил отказот и спогодбено го раскинал договорот со приватната болница на Жан Митрев. Во исто време уште двајца анестезиолози од тимот на Чадиковски си заминуваат од болницата, а по нив најверојатно ќе следи заминување и на другите членови на тимот кои од Клиниката за детска хирургија, преку прокетот за јавно приватно партнерство преминаа во болницата на Жан Митрев.

Останува нејасно како ќе тече проектот понатаму, кој ќе ги оперира бебињата до една година ставајќи го својот потпис на тие операции на срце, кога таму веќе детски кардиохирург веќе нема, а Чадиковски е единствениот лиценциран во државата.

Др.Калина Гривчева Старделова, претседателка на Лекарска комора на РСМ

Во Лекарската комора потврдуваат дека само Чадиковски има лиценца за детска кардиохирургија.

„Лекарската комора има издадено 3 типа на лиценци: Едната лиценца е кардиоторакална хирургија како што ја има доктор Салис Таџер, 5 се од областа на кардиохирургија, 11 за кардиоваскуларна хирургија меѓу кои е и лиценцата на доктор Жан Митрев и една лиценца е за детска кардиохирургија со која се здобил доктор Владимир Чадиковски“, изјави за НОВА, доктор Калина Гривчева Старделова, претседателка на Лекарската комора на РСМ.

Од тие причини несајно е како Министертвото за здравство планира да го продолжи проектот и најави дека операции кај деца таму ќе се изведуваат непречено и без Чадиковски. НОВА не доби одговор на прашањето за каква дејност е регистрирана кардиохиргија на Жан Митрев, односно каква е дозволата за дејност, дали е за детска кардиохирургија. Наместо тоа повторно го добивме истиот одговор од вчера дека  „Клиничката болница „Жан Митрев“ и Фондот за здравствено осигурување имаат склучено годишен договор за операција на деца до една година“, што е нешто сосема друго. Општо е познато дека дозволата за дејност не ја издава ФЗОМ, туку Министерството за здравство.

Надлежните не откриваат колку ја чини државата овој проект на јавно приватно партнерство, кој очигледно сега останува да биде само приватно. Кој е бенефитот на  државата од овој проект? Колку пари се заштедени досега и зошто се зголемени цените на услугите за операции кај деца од кога започна овој проект.

Ден Дончев, директор на ФЗОМ

Во една прилика, пред да избие скандалот со детската кардиохирургија директорот на ФЗОМ, за НОВА објаснуваше дека не е зголемена цената на услугата туку ДРГ цената на процедурата со вметнување на дополнителни 25 проценти додаток (услуга за операции) за деца и 10 проценти за терцијална услуга.

„По програмата не праќаме веќе деца во странство, со исклучок само на едно до сега, а условите се подобри тука. Заштедата е во тоа што не плаќаме повеќе за лекари од странство, туку тоа го плаќа болницата на Митрев од вкупниот буџет кој го добива од ФЗОМ“ рече Ден Дончев за НОВА, пред неполн месец но, овој дел од разговорот не е објавен досега.

И секако надлежните треба да одговорат дали државата после сето ова ќе застане зад доктор Чадиковски бидејќи тој заедно со тимот замина во болницата на Жан Митре по предлог на министерот Филипче и на директорот на ФЗОМ, Ден Дончев.

Како што веќе објави НОВА не постоел ниту договор за јавно приватно партнерство меѓу Министерството за здравство и специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ иако здравствените власти проектот спектакуларно на прес-конференција го најавија во Влада во декември минатата година, а всушност целиот проект се одвивал без официјален документ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.