НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанакиески во домашен притвор

0
By Нова ТВ on August 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Поранешниот министер за транспорт и врски , Миле Јанакиески вечерва од затворот во Шутка е однесен во домашен притвор.

Според адвокатот на Јанакиески Еленко Миланов притворот му е заменет со домашен притвор по одлука на Апелацискиот суд, кој вчера на јавна седница ја разгледувал жалбата на одбраната за последното продолжување на 30 дневниот притвор.

Јанакиески на крајот од минатиот месец беше однесен во една скопска приватна болница поради здравствени проблеми, но лекарите одлучија дека не е потребна интервенција.

Две недели пред тоа Јанакиески беше во болница поради штрајк со глад, но по совет на докторите го прекина штрајкот и медицинскиот третман го продолжи во притворот.

Јанакиески до сега три пати беше во притвор во Истражниот затвор Шутка. Првпат беше  пренесен на 14 ноември минатата година, еден ден по бегството на Никола Груевски, по налог на Специјалното јавно обвинителство каде е обвинет во пет случаи.

Вторпат беше пренесен во притвор по налог на Јавното обвинителство за организиран кримина и корупција во февруари каде е обвинет дека е еден од организаторите за нападот врз Собранието на 27 април. Тогаш во притвор беше нападнат од член на кумановската група осуден за „Диво насеље“.

Сега Јанакиески е во Шутка за аферата Шпански скали, каде се сомничи за злоупотреба на службената должност кога беше министер за транспорт, заедно со уште седум лица. Се истражува дали го оштетиле буџетот за 2,6 милиони евра со незаконска продажба на четири парцели државно земјиште во центарот на Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.