Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Епстajн подведувал малолетнички на сексуални односи со гувернери, сенатори, „познат премиер“

0
By Нова ТВ on August 10, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 10, 2019 19:51

Џефри Епстајн, милијардер и сопственик на инвестициски фонд, обвинет за педофилија и злоставување малолетни лица, кој изврши самоубиство со бесење во Казнено-поправниот центар Метрополитен во Менхетн, бил ставен под засилен надзор поради самоубиствени тенденции откако на 23 јули бил најден онесвестен на подот од неговата ќелија со модрици на вратот.

Во јавноста веќе излегоа информации од достапните документи од судењето на околу 2. 000 страници, од каде  се дознава дека тој и негови соработници за подведувале малолетна девојка, во документите позната како Вирџинија Робертс Гуфри, на полови односи со личности од високиот бизнис и политика.

Како што дознава „Ен-Би-Си“, Гуфри, сега на возраст од 36 години, имала полови односи со поранешниот гувернер на сојузната држава Њу Мексико, Бил Ричардсон, и со поранешниот сенатор на Мејн, Џорџ Мичел.

Епстајн и неговата соработничка од Велика Британија, Џизлејн Максвел, ја принудиле Гуфри на сексуални односи и со такви лица како агентот од агенција за модели, Жан Лук Брунел, менаџерот со финансии, Глен Дубин и Марвин Мински, починат професор од Масачусет институтот за технологија (МИТ).

Според документите, списокот на лица е долг и во него фигурираат еден „министер за надворешни работи“ и „добро познат премиер“.

Кортни Вајлд е друга жртва, од долгиот список на тужители, која синоќа имаше обраќање пред судот.

Поранешниот гувернер на Њу Мексико и сенаторот од Мејн веднаш ги демантираа изнесените тврдења.

Инаку, Епстајн беше уапсен од полицијата во Њујорк на почетокот на јули. Обвиненијата за злоставување и продажба на малолетни лица за сексуални услуги ја разбрануваа јавноста во САД, пред се поради врските на милијардерот со високопоставени лица како американските претседатели, поранешниот Бил Клинтон и актуелниот Доналд Трамп, или принцот Ендрју од Британија, син на кралицата Елизабет.

Како принцот, така и Клинтон и Трамп, сите демантираат дека имале блиски познанства со Епстајн и велат дека не се дружеле со него иако архивите откриваат фотографии и видео снимки што го потврдуваат спротивното.

Тој се товареше за организација на простититуција кои датираат и 19 години наназад. Од 2000 година наваму милијардерот наводно организирал сеанси со масажи во своите раскошни домови на Менхетн и во Палм Бич, Флорида и наводно имал полови односи со девојчиња на возраст и до 13 години.

Извесно беше дека милијардерот во 2008 година се изјаснил за виновен по обвиненија подведување малолетни лица и организирање проституција. Иако за тежината на делото обвинетиот тогаш требало да биде осуден и на доживотна казна затвор, Епстајн, со помош на високо платени адвокати издејствувал договор со тогашните обвинители и бил осуден на 13 месеци казна затвор.

Дополнетото обвинение укажа дека таа одлука била незаконска. Државниот обвинител од Флорида со кој Епстајн тогаш се договорил е Александар Акоста, до неодамна државен секретар за труд во Администрацијата на Трамп, кој поради скандалот и реакции од демократите, во јули даде оставка.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.