НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинетите во „Титаник“ побараа одложување на рочиштето поради „Рекет“

0
By Соња Петрушевска on August 12, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Адвокатот Петар Василев кој ги застапува дел од обвинетите во ,,Титаник“ побара денеска да се одложи  судењето поради како што рече ,, новонастанатата ситуација“.

-Сите обвинети се во судница и нивните адвокати се овде, што е доказ дека не сакаме да се одолговлекува судењето, но барме денеска да се одложи додека не се расчисти новиот случај, рече Василев.

Судијата Осман Шабани не го прифати барањето.

-Има Обвинителство кое го води тој случај и ние немаме правна основа да го прекинеме судењето, рече Шабани.

Тој напомена дека иако обвинението е покренато од СЈО, а шефицата Катица Јанева поднесе оставка, повлекувањето на Јанева е условено што значи дека се уште е на позицијата.

Титаник го покрена СЈО, а пред судот го застапува обвинителката Лиле Стефанова. Стефанова ја води и истрагата за Империја што се најде во центарот на аферата  „Рекет“. Обвинителката Стефанова во врска со овој случај, во писмената изјава тврди дека осомничените Јордан Камчев и Цветан Панделевски се обиделе да извршат влијание врз предистрага за Империја, користејќи го нејзиното познанство со Ванчо Чифлиганец, кој како што вели Камчев во еден од разговорите му побарал дуќан за стоматолошка ординација за Стефанова.

Стефанова исто така во изјавата тврди дека Јанева му го укинала куќниот притвор на Камчев и му го вратила пасошот, иако таа како обвинител која го водела предметот Империја не се согласила со тоа.

Обвинителот Љубомир Јовески најави дека сите инволвирани неделава ќе бидат повикани на распит.

На судењето за Титаник кое се однесува за изборни неправилности, Стефанова презентира докази – изводи од банки за пари кои биле уплатувани на сметката на ВМРО ДПМНЕ.

Стефанова денеска не даде изјава за новинарите.

Во предметот Титаник првообвинет е експремиерот Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија каде доби азил, а заедно со него обвинети се ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој од петокот е во домашен притвор, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, актуелниот пратеник Илија Димовски и шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, Кирил Божиновски, Билјана Бришкоска-Бошковски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

СЈО ги товари за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во неколку изборни циклуси.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се изведени околу 4.600 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.