НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НСДП: Каде отидоа 2,7 милиони евра пари на битолчани?

0
By Нова ТВ on November 25, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како што информираше на денешната прес конференција Благојче Котески, советник во општина Битола, од НСДП, на седницата на Комисијата за контрола на материјално-финансиското работење свикана на ден 19.11.2013 г. од страна на претседателот Николче Јанкуловски, правата на членовите кои ја претставуваат опозицијата биле грубо прекршени.

„Не ни беше дозволено преку Kомисијата до општинската администрација да побараме информација за материјално финансиското работење на Општината“, вели Котески.

Членовите на Kомисијата побарале од страна на комисијата и општинската администрација да им бидат дадени детални аналитички картици само за 15 ставки, за да видиме како и каде е потрошена, во овај квартал или за последните 3 месеци оваа фрапантна сума на средствата од Општинскиот буџет.

Вкупната сума на овие ставки е речиси 2.700.000 евра, од кои поинтересно е да се споменат:

Расходи за репрезентација 84,189.04 €
Др. договорни услуги 116,655.58 €
Др. оперативни расходи 158,507.61 €
Услуги за копирање,
печатење и издавање 79,380.62 €

„Повторно ќе потенцирам, рече Котески дека не е јасно каде се потрошени 2,7 милиони евра општински пари за последните три месеци. За жал, пред седницата а и на самата седница на Советот не добивме одговор на овие прашања“.

– Чие интереси тука штити претседателот на Комисијата, г-динот Николче Јанкуловски?

– Дали со ваквиот пристап во работата ги штити интересите на граѓаните на Општина Битола кои му го дале мандатот, или штити нечии други повисоки интереси?

„Бидејќи ова однесување на претседателот на Комисијата како и на службите од Општината трае во континуитет, ние членовите на оваа комисија од страна на опозицијата Васко Ковачевски и јас Благојче Котески нема да бидеме дел од овие манипулации со Буџетот на Општина Битола и со парите на граѓаните. Затоа од минатата седница го замрзнавме нашето учество во оваа Комисија се до моментот кога ќе ги добиеме бараните информации“, рече на денешната прес конференција Благојче Котески, советник во општина Битола.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.