НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почина српскиот сценарист Гордан Михиќ

0
By Нова ТВ on August 13, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авторот на македонската класика „Среќна Нова ’49-та”, сценаристот, драмски писател и режисер Гордан Михиќ, почина на 80-годишна возраст. Тоа на јавноста преку Твитер ѝ го соопшти неговата ќерка Ивана Михиќ.

Гордан Михиќ бил редовен професор на белградскиот Факултет за драмски уметности, каде што предаваше филмско сценарио. Беше оженет за глумицата Вера Чукиќ и татко на Ивана Михиќ, исто така глумица. Починал по изненадна болест, пренесуваат српските медиуми.

Михиќ е автор на повеќе дела: „Кучето што сакаше возови” (роман), филмот „Среќна Нова ’49-та”, „Кутрите мали хрчки”, „Тераса на кровот и други сценарија”, „Црна мачка, бел мачор”, „Купи ми Елиот” (роман), „Династијата Немањиќ, раѓање на кралството”, „Абсурдистан”, „Воена академија”…

Меѓу позначајните награди што ги добил, се: Прва награда за сценарио за филмот „Освајување на слободата“, на Фестивалот за филмски сценарија во Врњачка Бања, 1979 година; Прва награда за сценарио за филмот „Балкан експрес”, на Фестивалот во Врњачка Бања, 1983.; Златна арена за сценарио за „Среќна Нова ’49-та”, Пула, 1986., како и на Фестивалот во Врњачка Бања истата година; Прва награда за сценарио за „Црна мачка, бел мачор”, на 23. Фестивал во Врњачка Бања, 1999., каде што ја доби и специјалната награда Кристална призма за севкупен придонес за српскиот филм.

Пишувал сценарија и за филмовите: „Ранета земја”, „Таа ја сака Црвена звезда”, „Туѓа Америка”, „Лажливо лето 1968″, „Камионџии”, „Дом за бесење”, „Дојде време љубовта да се проба”, „Скокот на јагуарот”, „Сив дом”, „И, Бог ја создаде кафанската пејачка”, „Бубашинтер”, „Кога ќе бидам мртов и бел”, „Заборавени”, „Почетниот удар”, „Танго аргентино”, „Дневник на навредите”, „Отворена врата” и други.

Михиќ почина во неделата рано наутро. Ќе биде погребан во најтесниот круг на семејството, близу манастирот Раиновац во Белград.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.