Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како е добиена дозволата за детска кардиохирургија

0
By Менче Атанасова Точи on August 13, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 13, 2019 18:57
Клиничката болница „Жан Митрев“има дозвола за работа за продолжување со вршење болничка здравствена дејност за кардиоваскуларна хирургија за возрасни и детска кардиоваскуларна хирургија и интервентна кардиологија за пациенти до 18 години во мрежата на здравствени установи, потврдија денеска за НОВА од Министерството за здравство.
„Со Решение на Министерот за здравство бр. 22-665/3 од 01.03.2019 приватната здравствена установа Клиничка болница „Жан Митрев“–Скопје има дозвола за работа за продолжување со вршење здравствена дејност како клиничка болница – надвор од мрежата на здравствени установи и за продолжување со вршење болничка здравствена дејност за кардиоваскуларна хирургија за возрасни и детска кардиоваскуларна хирургија и интервентна кардиологија кај осигурени лица до 18 години во мрежата на здравствени установи.
Министерство за здравство потврдува дека во состав на ова решение има дозвола за вршење здравствена дејност на секундарно ниво (специјалистичко-консултативна и болничка здравствена дејност) за внатрешни болести меѓу кои и за кардиохирургија за возрасни и детска кардиохирургија со исполнети условите во однос на простор, опрема и кадар“, се вели во одговорот од Министерството за здравство, за НОВА.
Од Министерството за здравство нема детали, ниту објаснување дали во март кога е издадена дозволата имало распишано Оглас за концесија за детска кардиохирургија и дали конкурирале и други болници. Како е добиена дозволата за вршење на дејност кога таму нема ниту еден лекар со лиценца за детска кардиохирургија, освен Чадиковски.
Од Државниот санитарен и здравствен инспекторат кои извршиле вонреден инспекциски надзор во болницата „Жан Митрев“, утврдиле дека здравствената дејност се врши согласно решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство.
„Државниот санитарен и здравствен инспекторат на 12.08.2019год. изврши вонреден инспекциски надзор во ПЗУ Клиничка болница„ Жан Митрев“ Скопје, а во врска со исполнување на законската обврска на здравствената установа во вршењето на здравствената дејност согласно дозволата за работа издадена од Министерство за здравство бр.22-665/3 од 01.03.2019 година. При надзорот е констатирано дека здравствената дејност во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ Скопје се врши согласно Решението за дозвола за вршење дејност издадено од Министерство за здравство“, се вели во соопштението.
Вчера Антикорупциска комисија отвори предмет за случајот со болницата за кардиохирургија на Жан Митрев од каде отказ си даде доктор Владимир Чадиковски заедно со уште тројца анестезиолози и еден педијатар кои се дел од тимот што од Клиниката за детска хирургија, преку прокетот за јавно приватно партнерство преминаа во болницата на Жан Митрев.
Антикорупцинерите ќе испитуват и дали е законски болницата „Жан Митрев“ да оперира бебиња до една година по заминувањето на Чадиковски кој е единствен лиценциран лекар за детска кардихиругија во државата.
Клиниката „Жан Митрев“ соопшти дека ја поздравува иницијативата на Антикорупциската комисија за испитување на случајот со детската кардиохирургија.
,,Клиниката е отворена за соработка за обезбедување на сите потребни информации и документи кои ќе бидат потребни за утврдување на вистината”, се вели во соопштението.
Министерството за здравство не одговара на прашањето дали постои договор за јавно приватно партнерство со болницата „Жан Митрев“. Според информации на НОВА, не само што таков договор не постои, иако проктот беше спектакуларно најавен на прес конференција во Влада, туку и Чадиковски не фигурира во ниту еден документ во ФЗОМ и во Министерство, заедно со неговиот тим.
Цените на операциите  на срце кај бебиња по ДРГ се зголемени за 35 посто и тоа веднаш по објавата за јавно приватно партнерство. Директорот на ФЗОМ, Ден Дончев објаснуваше дека 25 проценти се додаток (услуга за операции) за деца и 10 проценти за терцијална услуга. Тој кажа дали Клиничката болница „Жан Митрев“ е во категорија на терцијално здравство.
Нејасно е и зошто енормно зголемениот буџет е доделен на болницата по доаѓањето на тимот на Чадиковски, а не претходно. Дали средствата се префрлени врз основа на неговата лиценца за детска кардиохирургија. И она што исто така треба да го одговори ФЗОМ е зошто Првостепената и Второстепената комисија во ФЗОМ, кога одлучуваат за лекување во странство на деца бараат одобрение од Чадиковски, а не од други лекари.
Меѓу познавачите на состојбите во здравството, како и во лекарските кругови се коментира дека Чадиковски и неговиот тим се искористени како медиумски марионети за да го промовираат проектот за јавно приватно партнерство, кој сега останува да биде само приватно.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.