Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антикорупциска ќе утврдува дали кај Жан Митрев може да се оперираат бебиња по отказот на Чадиковски

0
By Нова ТВ on August 12, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 12, 2019 14:40

Антикорупциска комисија отвори предмет за случајот со болницата за кардиохирургија на Жан Митрев каде отказ си даде доктор Владимир Чадиковски, единствениот леценциран детски кардиохирург во државата.  Предметот е отворен  по допрен глас, односно по пишување во медиумите. Антикорупцинерите ќе собираат документација од сите инволвирани институции за да се види дали се постапува според законската регулатива.

Како што рече Биљана Ивановска, претседателка на Антикорупциска, ќе се испитува дали било законски болницата на Жан Митрев да добие лиценца(се мисли на дозвола за дејност) за детска кардиохирургија и дали има законски основ таа да остане по оставката на доктор Чадиковски које е единствен лиценциран лекар за детска кардихиругија во државата.

„Слушнавме  деновиве како министерот за здравство кажа дека без проблем болницата ќе придолжи да врши операции кај бебиња до една година. Ова е дискутабилно по оставката на Чадиковски, кој е единствен лиценциран детски кардиохирург и наша задача е да утврдиме дали има законска основа болницата да ја задржи леценцата понатаму и да се вршат операции на срце кај бебиња “, изјава Биљана Ивановска, претседателка на Антикорупциска.

Како што веќе објави НОВА, Чадиковски во четвртокот и официјално го доставил отказот и спогодбено го раскинал договорот со приватната болница на Жан Митрев. По двајцата анестезиолози кои заминаа после него, денеска отказ си даде уште еден анестезиолог и еден педијатар,  а по нив најверојатно ќе следи заминување и на другите членови на тимот кои од Клиниката за детска хирургија, преку проектот за јавно приватно партнерство преминаа во болницата на Жан Митрев.

Но, остана да виси прашањето како ќе тече проектот понатаму, како што најави министерот Филипче, кој ќе ги оперира бебињата до една година ставајќи го својот потпис на тие операции на срце, кога таму веќе детски кардиохирург веќе нема, а Чадиковски е единствениот лиценциран во државата.

Од Министертвото за здравство не одговараат за каква дејност е регистрирана кардиохиргија на Жан Митрев, односно каква е дозволата за дејност што ја издава самото Министерството.  Што се однесува до лиценците на лекарите, како што потврдија во Лекарската комора доктор Жан Митрев е кардиоваскуларен хирург, тој специјализирал во Германија и неговата стручност од оваа област не е доведена во прашање, но Чадиковски единствено се стекнал со лиценца за детска кардиохиругрија.

Според информации на НОВА, не постои ниту договор за јавно приватно партнерство меѓу Министерството за здравство и специјалната болница за кардиохирургија „Филип Втори“ иако здравствените власти проектот спектакуларно на прес-конференција го најавија во Влада во декември минатата година, што е исто така многу зачудувачки.

Од тие причини несајно е како Министерството за здравство планира да го продолжи проектот и најави дека операции кај деца таму ќе се изведуваат непречено и без Чадиковски.

Станува збор за сериозни операции на срце кај многу мали бебиња, недоносени новороденчиња, бебиња со срцеви маани која е многу специфична патологија во кардиохирургијата. Затоа овој проект на т.н јавно приватно партнерство кој сега очигледно останува само приватно треба многу сериозно да се сфати од надлежните во здравството и Владата, за да нема негативни последици.

Секако, треба да се поднесе извештај за тоа кој е бенефитот од овој проект и што во ваква ситуација да направат родителите на децата кои чекаат за операција, а чии очи во моментот се вперени во власта и нивната одлука.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.