НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од 21 до 26 август Струшки вечери на поезијата-традиционална програма и нови содржини

0
By Нова ТВ on August 14, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со традиционалната и препознатлива програма, но и со нови содржини од 21 до 26 август ќе се одржи 58. издание на Фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Во рамки на програмата се предвидени повеќе поетски читања на различни локации на кои ќе се претстават 32 странски и 30 домашни поети од различни генерации.

Директорот на фестивалот, Тодорче Тасевски денеска на прес-конференција изрази надеж дека новините што ги внесуваат во годинашната програма ќе станат препознатлив белег на овој меѓународно признат и познат фестивал.

– Една од тие новини е поетската порака што ќе биде прочитана за време на церемонијалниот дел на свеченото отворање од истакнат македонски поет/поетеса. Оваа година, автор на поетската порака е Влада Урошевиќ, на кој по повод 85-годишниот јубилеј во рамките на програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет, рече Тасевски.

На главните фестивалски читања, тој потсети дека покрај на македонски и англиски јазик ќе се користат и албански и француски.

Годинава СВП објави повик за волонтери што ќе се вклучат во логистичката поддршка на фестивалот.

– Со вклучување на волонтерите сакаме да го подигнеме интересот за Фестивалот кај помладата публика, но и да понудиме можност за нивно дружење и комуникација со некои од најзначајните поетски имиња, рече Тасевски.

За поголема достапност на публиката, тој најави организиран превоз по симболична цена за љубители на поезијата за главните фестивалски настани од Скопје преку Кичево за Струга и преку Велес и Битола, кои по завршувањето на настанот ќе може да се вратат.

– Од изданијата на Струшките вечери на поезијата, освен монографијата на добитничката на Златниот Венец, романската поетеса, Ана Бландијана, книгата на добитничката на наградата „Мостови на Струга“, Моника Херцег, монографијата „Кој е кој“, четирите буклети во рамки на едицијата Версополис, можеме да ја издвоиме тематската антологија „Арката на Ное“ чиј приредувач е Иван Џепаровски, а темата е посветена на местото на поетската претстава на животинскиот свет во современата македонска поезија, поточно во песните на претходните добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, додаде директорот на манифестацијата.

Во однос на овогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, жири комисијата, согласно постоечкиот правилник од пристигнатите наслови го направила изборот од пет книги и автори што ќе бидат претставени на Фестивалот и од кои ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција. Во потесен круг се Митко Гогов со „Скриено писмо“, Јовица Ивановски со „Човек“, Наташа Сарџоска со делото „Крстна коска“, Билјана Стојановска со „Стан што се распаѓа“ и Катица Ќулавкова со „Мои страсти, мои страданија“

Струга, 14 август 2019 (МИА) – Со традиционалната и препознатлива програма, но и со нови содржини од 21 до 26 август ќе се одржи 58. издание на Фестивалот Струшки вечери на поезијата.

Во рамки на програмата се предвидени повеќе поетски читања на различни локации на кои ќе се претстават 32 странски и 30 домашни поети од различни генерации.

Директорот на фестивалот, Тодорче Тасевски денеска на прес-конференција изрази надеж дека новините што ги внесуваат во годинашната програма ќе станат препознатлив белег на овој меѓународно признат и познат фестивал.

– Една од тие новини е поетската порака што ќе биде прочитана за време на церемонијалниот дел на свеченото отворање од истакнат македонски поет/поетеса. Оваа година, автор на поетската порака е Влада Урошевиќ, на кој по повод 85-годишниот јубилеј во рамките на програмата му е посветен посебен термин за поетски портрет, рече Тасевски.

На главните фестивалски читања, тој потсети дека покрај на македонски и англиски јазик ќе се користат и албански и француски.

Годинава СВП објави повик за волонтери што ќе се вклучат во логистичката поддршка на фестивалот.

– Со вклучување на волонтерите сакаме да го подигнеме интересот за Фестивалот кај помладата публика, но и да понудиме можност за нивно дружење и комуникација со некои од најзначајните поетски имиња, рече Тасевски.

За поголема достапност на публиката, тој најави организиран превоз по симболична цена за љубители на поезијата за главните фестивалски настани од Скопје преку Кичево за Струга и преку Велес и Битола, кои по завршувањето на настанот ќе може да се вратат.

– Од изданијата на Струшките вечери на поезијата, освен монографијата на добитничката на Златниот Венец, романската поетеса, Ана Бландијана, книгата на добитничката на наградата „Мостови на Струга“, Моника Херцег, монографијата „Кој е кој“, четирите буклети во рамки на едицијата Версополис, можеме да ја издвоиме тематската антологија „Арката на Ное“ чиј приредувач е Иван Џепаровски, а темата е посветена на местото на поетската претстава на животинскиот свет во современата македонска поезија, поточно во песните на претходните добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, додаде директорот на манифестацијата.

Во однос на овогодишниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“, жири комисијата, согласно постоечкиот правилник од пристигнатите наслови го направила изборот од пет книги и автори што ќе бидат претставени на Фестивалот и од кои ќе биде прогласен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ на прес-конференција. Во потесен круг се Митко Гогов со „Скриено писмо“, Јовица Ивановски со „Човек“, Наташа Сарџоска со делото „Крстна коска“, Билјана Стојановска со „Стан што се распаѓа“ и Катица Ќулавкова со „Мои страсти, мои страданија“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.