НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зарем за еден збор Заев да се критикува

0
By Биљана Секуловска on August 17, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зарем за зборот Заев треба да се критикува? Зарем до таму стасавме ние? Зарем за оваа негова изјава треба да му се замерува: “Нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден п…р да ја симнат оваа влада од власт”, говорејќи за аферата Рекет, во која главни ликови се Орце Камчев, Боки 13, Зоки Кичеец и Катица Јанева.

Зарем политичарите мора да знаат дека за нив- некој, некогаш, неважен, заборавен, одамна заминат како Конески отприлика им рекол- дека зборот треба “да се чува како добро врзан коњ”, зошто ако го пуштат, е, ако го пуштат, “зборот разоглавен, којзнае која луда глава ќе посака да го јава”.

Кој да се сети сега на тоа дека сè  може да се случи со зборот, да ги задуши можеби, додека ги изговараат слоговите. Да ги засрами и протресе, кога веќе ќе биде кажан зборот, да ги сепне и замисли зборот.

Со зборот никогаш не е доцна- можете да го повлечете, да го зауздате, откако ќе ви побегне, да мислите дека можете да го избришите со гумичка.

Зошто Заев би се срамел од зборот п…р, зошто би се обидувал да поправи нешто што одамна не знаеме како да го подзакрпиме и потскриеме.

Зошто тој не би одел уште подлабоко и би ни ги затворил ушите да не слушаме како зборот откако е пуштен, тој само дополнително е зајаван и расфрлен насекаде. Затоа што, зошто по неговото извинување за зборот п…р, следеше по некој час ново објаснување- дека тоа било карактерна особина?

Затоа што тоа е вистина, ништо од ова и не е лага, затоа што примитивизмот е исто нашата карактерна особина, затоа што ние и не знаеме поинаку, затоа што и не е важно конечно што и кој ќе каже во оваа земја.

Затоа што ќе ви кажат дека се важни делата, па да, затоа што зборот е само обичен, редослед на букви. Затоа што ние ги расфрламе тие букви тука како сакаме и што сакаме со нив правиме.

Па што, тие, зборовите, немаат значење тука, затоа што сме примитивни, затуцани, прости, невоспитани, неотесани и груби, полу-планински, полу-племенски -да ми простите, но и не морате, и онака зборовите ништо никому тука не значат.

                                Еден новинар можеби не, но двајца сигурно

Не знам за останатите категории кои ги наброи Заев, ама еден новинар навистина може да сруши една влада, но за да биде посигурен падот, подобро е секогаш тоа да бидат двајца.

Сигурна сум дека ПР службата никогаш тоа нема да му го соопшти, не затоа што освен што таа служба и ова не го знае, туку едноставно ќе му објасни- затоа што зборовите ништо не значат, не служат никому, тие се само украс на хартиите кои се печатат, и на екраните од компјутерите кога светкаат и од телевизиските кутии кога  се слушаат.

Ако некого засегнаа и сепнаа зборовите на Заев, тоа беа  пред сè движењата за борба за правата, новинарските заедници и здруженија, тоа беше и претседателот Пендаровски. Затоа што во бесмислата, зборот сакале да го закротат, да му кажат на дека предалеку отишол, дека мора да се смири и да научи како без нив никаде нема да стигне.

Да знае зборот дека ова се некои други времиња, ова се обиди за некои други букви, распоредени со разум, одмереност, знаење, ум.

Ако некогаш се уплашите од зборот, така разлетан и без контрола, кога излетува од устата на некој политичар, замавнете го и вратете го онаму од каде што дошол- не затоа што тој збор за него говори или му припаѓа, никако не мислам на тоа, туку едноставно, затоа што тој политичар треба да го почувствува ударот кога ќе му се врати зборот.

Како одамна напишал еден писател, чие име не е важно, како и на ликовите, затоа што нели тоа се само безначајни зборови- главниот советник на кралот го прашува ликот околу кој се врти дејствието:

“Што читате, мој господару? Зборови, зборови, зборови.

Но, што прочитавте?”

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.