Партијата ДОМ се спротивставува на намерата на македонската државна компанија ЕСМ за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа “Белене”, откако денеска .
-ДОМ е против изградба на нуклеарни електрани, поради нивната опасност по животната средина и здравјето на луѓето, на што укажуваат трагичните искуства од нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима. Не случајно, Германија одлучи да ги затвори сите свои нуклеарни електрани до 2022 година.
Наместо во нуклеарки, нашата држава треба да инвестира во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како сонце и ветер, се вели во соопштението од партијата по инфромацијата дека Северна Македонија поднела писмо со намера за учество во проектот Белене.