Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши по средбите на Приштина: До крајот на неделава очекуваме да ги укинеме забраните

0
By Нова ТВ on August 20, 2019 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 20, 2019 16:18

До крајот на неделата Агенцијата за храна и ветеринарство на Косово треба да испрати извештај до Агенцијата за храна и ветеринарство на Северна Македонија со анализа на соодветната програма за следење на производите од икра и материјал за порибување од Косово.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на средбата со косовскиот министер за трговија и индустрија Ендрид Шаља во Приштина кажа дека откако ќе бидат доставени сите потребни документи од косовската страна тогаш ќе биде  донесена одлука со која што ќе се овозможи увоз на икри и материјал за порибување од Косово.

-Нашите факти и аргументи кои што ги доставивме до Косово се прифатени и ние очекуваме до крајот на неделата и почетокот на следната недела тие да ја достават нивната програма и во моментот кога тие ќе ја достават нивната програма за мониторинг, Комисија во Агенцијата за храна и вереринарство од Северна Македонија ќе излезе на терен и ќе утврди дали косовските институции работат согласно таа програма. Сакам да ги уверам граѓаните и компаниите во Република Северна Македонија дека ние како Влада ќе направиме се што е во наша можност да отвориме нови пазари, но истовремено и да ги заштитиме граѓаните со поголема контрола на здравствената состојба на производите кои што се увезуваат во земјата. Јас утре писмено ќе го известам министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шаља дека во моментот кога тие ќе ги достават тие документи, ние ќе им дозволиме да увезуваат икра и подмладок во Северна Македонија. Очекувам откако ќе го добијат писмото тие да ги укинат бариерите за компир и за мед, истакна Бектеши.

Министерот Бектеши информираше дека мерката не е преземена само за Република Косово, туку е и мерка преземена за сите земји што не спроведуваат активен и пасивен мониторинг во врска со рибните производи.

-Минатата година ние како Влада ги известивме релевантните институции од соседните земји, вклучително и Косово, Албанија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, да започнат со спроведување на оваа програма за да можеме да ги извезуваме нашите производи во Европската унија. Во октомври ќе ги започнеме преговорите со Европската унија и ќе ги земеме предвид поглавјата што се занимаваат со овој проблем, ние сме должни да ги спроведеме ваквите мерки и програми,затоа што презедовме обврски, рече Бектеши.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов истакна дека неопходно е да се верификува дали Косово соодветно испитува можност за појава на болести кај рибните производи. Откако ќе добиеме такво уверение дека ги запазуваат сите процедури тогаш ќе биде отстранета бариерата за увоз во Северна Македонија.

-Тоа е меѓународно воспоставен принцип со кој што се гарантира дека земјата ги нема болестите и тоа е начинот како ние да се заштитиме да не внесеме болести на нашата територија. Од она што ни приложија косовските власти засега ги немаат сите потребни анализи, но ако ни докажат дека имаат извршено активен и пасивен мониторинг како што тврдат тие, тогаш во истиот момент кога нашата комисија ќе утврди дека се спроведуваат мерките ние следниот ден ќе ја отстраниме бариерата, истакна Атанасов.

Министерот за трговија и индустрија на Косово, Ендрид Шаља после состанокот во Приштина кажа дека е постигната согласност нивната Агенција за храна и ветеринарство да достави дополнителни гаранции до Северна Македонија што Косово според него не е обврзано да ги има со другите земји потписнички на ЦЕФТА договорот.

-Се согласивме дека до крајот на оваа недела нашата Агенција да ги заврши своите задачи и после тоа Агенцијата за ветеринарство на Северна Македонија ќе ја отстрани бариерата што ја има со Република Косово. Се согласивме да ги преземеме овие институционални чекори и во моментот обете страни и Република Косово и Северна Македонија, ќе ја елиминираат мерката наметната од нас како министерство за трговија, но во исто време и бариерата што се појавува на деловните субјекти за време на извозот на тој производ во Република Македонија, истакна Шаља.

Двајцата министри се согласија дека по решавањето на проблемите со активните програми за мониторинг, двете министерства ќе ги отстранат бариерите и мерките за реципроцитет меѓу нив. Северна Македонија во моментов не увезува риби од кои било соседни земји освен Косово, а најголемиот дел од увозот е од земјите на Европската унија, особено од Данска и Холандија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.