НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дизајнерски лампи креирани од Бојан Кртолица

0
By Нова ТВ on November 27, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во четврток на 28 ноември, со почеток во 20.30 часот, во концептуалното кафуле „Концепт 37“ (на улица Рузвелтова 37), ќе се одржи промоција на најновата серија лампи, креирани од македонскиот дизајнер и мултимедиjален уметник Бојан Кртолица. 

Постановката лампи „Waxlamp“, за првпат беше претставена пред македонската публика, минатата година, како дел од групната изложба во рамките на „Skopje Design Week“. Ова е прва независна промоција од ваков тип. Имено, станува збор за концептуален дизајнерски производ – лустер, изработен целосно од пластика (поликарбонат ).

Уникатноста на овој производ ја прават широката палета и можноста за варијации во однос на дизајнот, начинот на кој е запакуван и начинот на негово склопување/ составување. Се работи за DIY ( do it yourself ) концепт, при што идејата е купувачот, на некој начин да се инволвира во целата приказна, за на крај, во неколку  чекори, да може сам да го состави. Запакуван е во картонска туба, налик кутија за диплома, каде се содржи целиот сет на потребни елементи.

Целта е преку продажба на неконвенционални места, овој дизајн за расвета, да се популаризира и доближи до сите љубители на дизајнерски производи и да биде достапен по разумна цена. Засега, оваа нова серија се продава на пазарот во Хрватска, поконректно во Загреб и Ровињ, како и во Љубљана, Словенија. Кај нас, засега, ќе биде достапна во самиот простор на „Концепт 37“. 

Настанот ќе биде придружуван со настап на скопскиот поп-фолк бенд – „June“ (Џун), кој во два блока од половина час ќе се претстави пред скопската публика со нов материјал. 

Инаку, невообичаениот паркур, на овој студент по филмски студии, кој поголемиот дел од неговиот професионален ангажман го има поминато во адвертајзинг агенции, го води во Барселона, каде пред две години, магистрира на школата за уметност и дизајн – Елисава, отсек арт дирекција и дизајн. За по неговото враќање во Македонија, да го основа неговото студио за дизајн и визуелни комуникации – БАИКА.

Покрај, продукт дизајнот, се занимава и со графички дизајн, фотографија, како и видео продукција. Минатата година, заедно со шпанската дизајнерка Каролина Каралт, го снимија експерименталниот краток филм “Девојка што паѓа”. Во моментов, меѓудругото, работи како дизајнер и арт директор за париските музички агенции „CEZAME“ и „Art Melodies“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.