Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Младите несвесни за политичките манипулации на социјалните мрежи

0
By Влатко Чаловски on November 27, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 27, 2013 15:37


– Многу млади средношколци ги користат социјалните мрежи, особено Фејсбук, а политичките групи не им сметаат, но не се свесни за политичкото влијание на нив, покажува истражувањето на Институтот за социолошки анализи на тема „Влијанието на социјалните медиуми врз политичкото однесување на младите“. Младите сметаат дека се имуни на политичките влијанија и дека можат самите да проценат што ќе прифатат а што не.

Според истражувањето, постои оттуѓеност кај младите, незаинтересираност и недостиг на желба за отворање прашања за „проблемите“ со кои се соочуваат.

„За жал ако длабоко навлезете во тоа што се подразбира под злоупотреба на интернет, 90 отсто од испитаниците подразбираат „лажни профили“…и мислат дека е доволна заштита тоа што знаат како да блокираат некого, како да пријават лажен профил“, вели професорката Емилија Симовска, надополнувајќи дека не се свесни за политичката манипулација од страна на политичките групи чија мисија е остварување на одредено влијание.

Презентирајќи ги резултатите, доцент Бојана Наумовска напоменува дека младите сметаат дека нивните ставови се изградени, цврсти, а членување во било какви политички групи, не е доволен мотив за да им се промени мислењето. Нивните ставови говорат дека социјалните мрежи, средношколците ги користат за комуникација со пријателите, а воедно и за создавање нови пријателства.

Најголемо влијание врз формирање на ставовите на испитаниците има семејството, а за политиката се информираат главно преку телевизиите.

„Влијанието на социјалните медиуми врз политичкото однесување на младите“ е истражување спроведено преку разговори во рамки на фокус-групи и образовни дебати во 6 градови низ Македонија со етнички диверзитет, на вкупно 300 средношколци на возраст помеѓу 16 и 21 година. Во однос на одговорите за нивните вредности, не постојат разлики по етничка припадност или големината на градот.

Професорката Симоновска потенцира дека постои недостиг на едукација на оваа тема.

На прашањето дали користите социјални мрежи- 100% велат да, а истиот процент се однесува на младите кои користат Фејсбук, соопшти доц. Калина Лечевска. Целта- комуникација со пријателите, споделување на интересни информации, како и можноста за запознавање со нови пријатели, додаде доц. Лечевска.

Биљана Секуловска го постави прашањето- Дали ќе се случеа арапската пролет, турсксата револуција Окупирајте го Гези без социјалните мрежи, без социјалните медиуми? Можеби да, но ова е време на електронска демократија, електронска револуција и таа ги диктира општествените текови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.