Британската готвачка ѕвезда Најџела Ловсон е зависник од кокаин и таблети за смирување, тврди нејзиниот поранешен сопруг Чарлс Сачи кој своевремено е фотографиран како физички ја злоупотребува во јавност по што тие двајца се разведоа.
Британскиот бизнисмен Сачи, кој е снимен како ја дави својата поранешна сопруга додека таа плаче за време на ручекот во еден лондонски ресторан, сега пред судот тврди дека Ловсон и давала дрога на нивата 19-годишна ќерка Косими.
Готвачката ѕвезда била толку распаметена од дрогата што на своите две асистентки им ја дала на користење кредитната картичка, кои за возврат требало да молчат за нејзината зависност.
На судењето се расправа и за тоа дека Ловсон тврди дека двете италијански сестри Франческа и Елизабета Грило ја измамиле и потрошиле 300.000 фунти на дизајнерска облека и авионски летови во прва класа. Меѓутоа, сестрите тврдат дека Ловсон им дозволила да трошат се додека кријат од Сачи дека таа е зависник од дрога.
Адвокатот на сестрите пред судот го изложи меилот којшто Сачи и го испратил на поранешната сопруга во кој пишува дека им верува на сестрите. Можеби морално погрешиле зашто молчеле за пари за зависноста на Ловсон, но пред законот се невини.
Целата оваа приказна можеби е само продолжение на животната трагедија која ја следи Најџела Ловсон – во 2001 година нејзиниот прв сопруг, со кого има две деца, почина од рак на грлото.