Published: Thursday, August 29, 2019 10:17
Италијанската Демократска партија на левиот центар и популистичкото движење Пет ѕвезди соопштија дека се согласиле да формираат коалициска влада.
До договорот дојде откако Демократската партија го прифати барањето на Пет ѕвезди, Џузепе Конте повторно да биде премиер.
Владата би требало да функционира до следните редовни избори во 2023 година. Со тоа пропадна обидот на десничарската Лига на Матео Салвини да предизвика предвремени парламентарни избори.
Се уште актуелниот министер Салвини, соопшти дека е изненаден од оваа одлука. Предупреди дека новата колација нема да владее вечно, бидејќи немаат што да и понудат на Италија, а единственото нешто што ги држаи заедно е омразта кон неговата партија Лига.




