Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителот кој го спаси Кочан од притвор избран за претседател на Советот на обвинители

0
By Нова ТВ on August 30, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 30, 2019 15:11

Обвинителот Ацо Колевски кој го потпиша барањето за заштита на законитоста за притворот на Кочан до Врховниот суд, е избран за престедател на Советот на обвинители и за наследник на Коле Штерјев.

Колевски бил единствен пријавен кандидат и е избран едногласно. На седницата на Советот на обвинители присуствувал и Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески кој го поддржал изборот на Колевски.

Спротивно на барањето на СЈО за притвор на Кочан и одлуките на Кривичниот и на Апелациониот суд кои го одобрија притворот, Колевски потпиша барање до Врховниот суд со кое побара да се оцени законитоста за притворот.  За врховните судии кои го уважија ваквото барање на Колевски, меѓу кои е и претседателот на Врховен Јово Вангеловски, се води постапка во Судскиот совет, а Кочан го избегна притворот.

Колевски денеска по изборот за претседател на Советот на обвинители рече дека потегот бил оправдан.

„Сите случувања после тоа го оправдуваат тој потег. Доколку се употребуваше ова вонредно правно средство досега ќе се извршеше некаква контрола во работењето на СЈО, тие ќе немаа таква слобода да постапуваат без контрола и да дојдеме до оваа ситуација јавен обвинител, за жал, да се впушти во недозволени дејствија“, кажа Колевски.

Советот на обвинители вчера ја започна постапката за разрешување на Катица Јанева – шефицата на СЈО.

Коле Штерјев, кој претседаваше со Советот на обвинители вчера кажа дека Советот има право да избере в.д. обвинител, но по разрешувањето на Јанева. Колевски денеска не сакаше да каже одговори дали Советот ќе избере наследник на Јанева.

„Советот одлуките ги носи со мнозинство гласови, така што, доколку ова прашање се постави во работата на Советот јас ќе го изнесам на седница за да го слушнам мислењето на секој од членовите и евентуално заедно да донесеме некоја одлука доколку сметаме дека има потреба. Не би можел да кажам мој став, бидејќи би го прејудицирал мислењето или одлуката која би ја донел Советот во однос на тоа прашање“, рече Колевски.

 

Јанева Колевски Кочан СОвет на обвинители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.