Published: Tuesday, September 3, 2019 08:45
Најмалку илјада милијарди долари, односно околу 10 отсто од вкупниот капитал на британскиот банкарски сектор, 220 банки и финансиски фирми се иселиле од Обединетото Кралство во Европската унија од изгласувањето на Брегзит, во јуни 2016 година, објави Блумберг.
Во пресрет на „разводот“ меѓу Велика Британија и ЕУ , закажан за 31 октомври, одлевањето на финансискиот капитал од Лондон, кој со децении е неприкосновениот банкарско-финансиски центар на Европа, деновиве само за забрзува, посочува Блумберг.
Во написот уште се додава дека само минатиот месец водечките светски осигурителни друштва со седиште во Сити (банкарскиот дел на Лондон) во Даблин, Луксембург, Франкфурт и Париз префрлиле бизнис вреден 75 милијарди долари.




