Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новогодишни честитки на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“

0
By Нова ТВ on November 29, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 29, 2013 12:26

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ понуди можност преку купување новогодишни честитки да им се помогне на децата кои не одат на училипте а се дел од Дневниот центар на граѓанската организација.

– Кога еден граѓанин, компанија, корпорација, владина институција или граѓанска организација помага во нешто, не е важно само тоа што го прави да го прави од срце, туку и да знае дека тоа е вистинското нешто, вистинското време и вистинскиот избор! Ние од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ Ви нудиме можност преку купување новогодишни честитки да им помогнете на децата на кои им е потребен разговор и разбирање, да помогнете на децата кои не одат на училиште и кои се дел од нашиот Дневен центар, како и во реализација на сите оние активности за кои „Меѓаши“ се залага и ги спроведува.

Важно е да знаете дека со купувањето на честитките помагате во спроведувањето на активностите на една домашна граѓанска организација која веќе петта година по ред е на прво место по доверба меѓу граѓаните и која зад себе има богата историја. Детската амбасада „Меѓаши“ веќе 21 година е посветена на поддршката на најнемоќните – децата жртви на војни, деца кои се злоупотребувани, занемарени, оставени сами на себе.

Честитките со мотив 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 се со димензии 16,5 x 12 cm преклопени или 33 x 24 cm отворени, а мотивите 12 и 13 се со димензии 20 x 10 cm преклопени или 40 x 20 cm отворени. Овогодинешните честитки (м1, м2, м3, м4, м5) се со цена од 35 денари со вклучен плик, а мотивите 6, 7, 8, 9, 10, 11, 12, 13 кои се минатогодишни и се во ограничени количини, се со цена од 25 денари со вклучен плик.

Во цената на честитките не е вклучен ДДВ, бидејќи Првата детска амбасада не е даночен обврзник. Внатрешноста на истите е празна, со можност за дополнително печатење на сопствена порака или лого. Доколку порачката е над 100 парчиња, цената на дополнителното печатење е 6 денари во црно-бело и 9 денари во боја. За нарачка поголема од 500 парчиња дополнителното печатење на црно-бела порака и лого е бесплатно.

Доколку порачката е поголема од 150 парчиња за градот Скопје, доставувањето го вршат од „Меѓаши“ до Вашата адреса, без Ваш надомест. Од оваа година за секоја порачка над 200 честитки има можност и за персонализација на истите – обрќање со име и презиме до личноста на која ја праќате честитката, со што се овозможува уште попрофесионално честитање на празниците и промовирање на Вашата компанија. Честитките можете да ги порачате на телефонскиот број и факс: 02/2465 – 316, по пошта на ул. „Коста Новаковиќ“ бр. 22 а, 1000 Скопје, на електронска пошта: info@childrensembassy.org.mk или директно во просториите на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.