НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стевановска: Почиста нема од мене

0
By Биљана Секуловска on November 29, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ова е политички напад врз мене, сите ме користат- и новинари и политичари, а јас сум чиста, нема почиста од мене, не се плашам од ништо, изјави денеска за НОВА, Валентина Стевановска, авторката на споменикот Александар Велики, на проектот Филип, на Татарчев и Порта Македонија.

-Не сум магионичар, јас тие пари што ги добив се трошоци, а сите детали се во финансиската конструкција дадена на Општина Центар, каде имам дадено отчет за сите потрошени пари, кои ми се префлени како трошоци, додава Стевановска.

Сите документи се наоѓаат во Центар а велат дека ги нема затоа што така им одговара. Тоа не е точно, се што ми побара администрацијата на Тодоровиќ, се приложив. Останатите документи се кај мене дома, но се е законски.

Стевановска вели дека не се работи за големи суми хонорар, а според пресметките на сите авторски дела, се работи за сума од 475.900 илјади евра, кои ги потврдува:

-Хонорарот е мал- овој за 65.000 евра за Александар, знаете ли колку земаат моите колеги од Италија на пример?Јас не се разбирам од политика, јас сум уметник, мојата работа е уметноста, не политиката.

Сепак, Александар Велики е цел проект со придружни скулптури и релјефи и што се однесува до трошоците, Стевановска се повикува на веќе дадено интервју во Вечер на 29 април 2013, каде во детали ги има соопштено сумите и на нејзино барање, го цитираме:

-Трошоци за еден војник од три метри заедно со мојот авторски хонорар кој е 10% е 14.000 евра односно само мојот хонорар е 1.400 евра.

Вкупно за осум војници мојот хонорар е 11.200 евра.

Трошоците за еден лав од 2.5 метри изнесуваат 15.000 евра од кој за мене за авторски хонорар се 1.500 евра. Вкупно за двата лава имам земено 3.000 евра авторски хонорар.

Трошоците за коњаникот се 192.000 евра од кои 10% односно 19.200 евра е авторски хонорар.

Трошоците за релјефите кои беа многу комплицирани и се работи на кружна конструкција со дијаметар 7 метри за долниот релјеф кој што е во бронза и кружен релјеф со 4 метри дијаметар тоа се мермерните релјефи кои се поставени на столбот со длабочина од 20 см. се:

За 105 м2 – 147.000 евра, односно 14.700 евра авторски хонорар

За 120 м2 – 168.000 евра, односно 16.800 евра авторски хонорар.

Вкупно мојот авторски хонорар за целата фонтана е 64.900 евра.

Еднакво, трошоците за проектот Филип ги има соопштено во истото интервју во Вечер и бара и за нив да се пренесат оттаму:

-За трите војници од пет метри ми беше исплатено хонорар од 63.000 евра односно за еден војник авторскиот хонорар е 21.000 евра.

За двата лава по 3.5 метри хонорарот изнесуваше 34.000 евра, што значи еден лав е 17.000 евра.

За седнатите фигури под војниците хонорарот изнесуваше 51.000 евра, односно за една фигура 17.000 евра.

За мајките со деца хонорарот изнесуваше 68.000 евра вкупно, односно за една фигура 17.000 евра.

За четири лава хонорарот изнесуваше 60.000 евра вкупно, односно за еден лав 15.000 евра.

За четири коњи хонорарот изнесуваше 60.000 евра вкупно, односно за еден коњ 15.000 евра.
Воинот Филип втори од 13 метри го работев без хонорар.

Оттука, според пресметките, за целиот проект Филип добила 336.000 илјади евра.

Хонорарот за Христо Татарчев е 10.000 евра, додека за Порта Македонија добила 500 евра.

Стевановска додава дека целата нејзина работа се гледа и е пред очите на јавноста, како и што хонорарите и трошоците се јавни и сите документи се приложени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

ВЕСТИ August 12, 2025

Украинските Вооружени сили го задржуваат непријателот на првата борбена линија – особено во правецот кон…

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Хелсинки: Финска обвини тројца офицери на танкерот „Игл С“ за саботажа на подморски кабли во Балтичко Море

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.