Published: Thursday, September 5, 2019 09:41
Законот за спречување на Брегзит без договор што ноќеска го усвоија пратениците во Долниот дом на британскиот Парламент, утре ќе се најде на дневниот ред и во Домот на лордовите.
Домот на општините (Долниот дом) се согласи дека во понеделник ќе ги разгледа амандаманите што ќе дојдат од Домот на лордовите и дека владата има намера законот да биде подготвен за претставување пред кралицата.
Предложениот закон пратениците го усвоија вчеравечер, а го одбија неговиот предлог за избори на 15 октомври, со што му го нанесоа вториот пораз во два дена на премиерот Борис Џонсон.
Седницата на Долниот дом траеше утринава до 2,30 часот кога лордот Ештон од Хајд објави дека законот ќе ги мине сите фази на усвојување во петок кога ќе биде разгледан и во Домот на лордовите.
Лидерот на лабуристите Џереми Корбин претходно изјави дека неговата партија бара законот да добие согласност од Кралицата пред да се прифати предлогот на Џонсон за распишување избори.




