Во Куманово утре од 19 до 1 часот по полноќ ќе може да се видат дела во разни техники разместени на улицата„Народна револуција“, која привремено ќе биде затворена за возила. Како фигури во простор ќе бидат изложени: „Стриптизета“, скулптура од метал на Стаменков Горан, „Површина 2“, дело кинетика на Перо Кованцалиев, инсталацијата на Кристина Божурска „Рабат“ – дело составено од сведоштва на жени од фабрики, и „Нови сеќавања (New memories)“, интерактивна инсталација на Ана Јовановска. Слики ќе имаат претставено авторите Александар Симоновиќ – Симо и Мирослав Величковски. Една група фотографии ќе го прикажат одржаниот перформанс „За тебе“ осмислен и изведен од Валентина Илијевска, а друга група фотографии ќе се дела на Наташа Величковска, збирка од портрети, стрит-фотографија и фото-есеј. Додатно ќе има и дела на Елеонора Накевска, Ангел Миов, Flamur Miftari и Далибор Тренчевски.
В сабота на истиот простор, од 19 до 1 часот по полноќ, настапи на главната бина ќе имаат: Dado K & Mamli, Букача, Djarto и Игор Калц.
Двете локации на настаните, улица „Народна револуција“ и плоштадот „Нова Југославија“ ќе се сосема отворени за сите посетители, кои слободно може да добредојдат и повелат на случувањата во обете вечери.
Двовечерниот настан е организиран со поддршка на Општина Куманово и Фондација за култура и спорт „Куманово“ и е еден од настаните кои се оддржуваат по повод 500 години постоење на град Куманово.