НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фирма зад која стои пропаднат тендер во Албанија ќе менаџира со Стерилизацијата

0
By Менче Атанасова Точи on September 13, 2019 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Станува збор за фирма зад која е пропаднат тендер во Албанија за кој се води истрага 

„Евита схпк“ е фирмата која го доби тендерот за стерилизација што беше распишан од Министерството за здравство, стои на страната на Јавни набавки.

Во тек е период на жалби по што ќе следува потпишување на договорот, најави министерот за здравство Венко Филипче, без да прецизира за која фирма се работи.

„Имавме дебата и физибилити студија и донесовме одлука со која сакаме ја централизираме Стерилизацијата, односно приватната фирма да набавува униформи, нови инструменти, да врши дезинфекција на операционирте сали. До сега имавме огромни трошоци, медицинските униформи се стари, се зголемуваат болничките инфекции, а со ова ќе се подобри квалитетот“, изјави министерот Филипче.

Сепак, оваа физибилити студија за која е платен износ од 499 000 денари, не е јавно достапна и досега никој не ја видел.

Нејасно е, и зошто неколку месеци пред овој „стратешки проект за стерилизација“ повеќе клиники распишале милионски тендери за опрема и инструменти.

Со тоа се направени големи трошоци иако е предвиден голем тендер со кој приватен партнер треба да инвестира во опрема и инструменти. Н апример, во септември минатата година имаше тендер за набавка инструменти на  Клиника за гинекологија  во вредност од 2.600.000 денари, во декември за хируршки инструменти во износ од 6.000.000 денари, на Клиниката за очни болести-3.000.000 денари, а во март годинава набавка на Министерство за здравство за лапараскопска хирургија во вредност од 34.229.676.00 денари, како и тендер на Клиниката за пластична хирургија.

Стерилизацијата во државата по замисла на ресорното Министерство треба да биде стационирана на четири локации : Клинички центар „Мајка Тереза“ – Скопје, една резервна локација во Скопје која што ќе биде дополнително утврдена, како и во Општите болници во Кавадарци и во Охрид.

Со овој тендер Стерилизацијата треба да ја менаџира приватен партнер што предизвика бура од реакции кај стручната јавност и Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација, кои велат дека не биле консултирани и не било земено во обзир нивното мислење, а за самиот тендер сметаат дека е небулозен.Како што објави НОВА, во истражувањето во јули годинава, фирмата „Евита схпк“ од Тирана настапува во име на две фирми од Италија-Сани Сервис и Сервизи Италија и тоа е истата фирма која го добила тендерот за хемодијализа во Албанија. Во Македонија „Евита схпк“го доби тендерот за стерилизација со конзорциум на фирмите кои што го добиле тендерот за стерилизација во Албанија (Сервизи Италија и Сани сервис.)

Македонските фирми кои се претставници на странски брендови во земјата, тогаш се пожалија дека немале можност да учествуваат на тендерот поради високите критериуми во тендерската документација како што е висока банкарска гаранција, обрт од 30 милиони евра во оваа дејност во последните 3 години, (за подизведувач обрт од 20 милиони евра) и слично.

„На ваков начин се елиминираат сите фирми кои се занимаваат со стерилизација во Македонија. Прашуваме, што ќе се случи кога ќе заврши договорот за јавно приватно партнерство после 15 години. Која фирма ќе остане дотогаш, сите ќе си заминат од државата“, велат од фирмите кои немале можност да учествуваат на тендерот.

Станува збор за фирма зад која е пропаднат тендер во Албанија за кој се води истрага во Албанија, а добро упатените во проблематиката велат дека станува збор за многу сличен тендер со скандалозниот за реагенси со кој се бараа многу високи критериуми со што фирмите во државата биле оневозможени да конкурираат.

Извори за НОВА кои се упатени во проблематиката велат дека тендерот за Јавно приватно партнерство за Стерилизација(Јавно приватно партнерство за интегрирано менаџирање со иновативни решенија за хируршки зафати и здравствена заштита од болнички инфекции) е копија на тендерот во Албанија од 2015 година тежок 91 милион евра,  а не само што се покажал неуспешен туку и за него се води голема истрага во оваа соседна земја.

Од информациите во албанските и италијанските медиуми може да се види дека причината за неуспехот на овој проект во Албанија и истрагата која е отворена за случајот,  се енормно високите цени на услугите, дополнителна поделба на сетовите за стерилизација со што неколку кратно се зголемувале цените и многу други небулози кои излегле на површина подоцна.

Италијанската Агенција Нова, пишува дека Обвинителството во Албанија започнало истрага за најмалку три тендери на Министерството за здравство, чија вкупна вредност изнесува околу 290 милиони евра кои ги плаќа Државната каса.

Еден од тендерите кој е предмет на истрага од страна на канцеларијата на албанскиот обвинител се однесува на услугата на хемодијализа, која ја доби конзорциумот составен од „Евита спхк“ и Американската болница, која со години се наоѓа во Албанија, контролирани од турска групација. Износот е 86 милиони долари (78 милиони евра).

„Евита спхк е основана во мај 2013 година и контролира 85 проценти од акциите во победничкиот конзорциум. Дури и нејзината финансиска понуда беше меѓу највисоките во споредба со другите конкуренти. Министерството за здравство не понуди никакво објаснување за предностите што овој конзорциум би го имал во споредба со другите и за причините за неговиот избор“, пишува Агенција Нова.

Третиот тендер во истрагата се однесува на стерилизацијата на хируршката опрема тежок 91 милион евра, а го доби Сани сервис составен од конзорциумот од Инвестлар ДООЕЛ со три италијански компании: Servizi Italia; Tecnosanimed; и U.Jet S.r.l. Инвестлар ДООЕЛ, кој поседува 40 отсто од акциите, а бил регистриран во Косово од страна на албанскиот емигрант Илир Ррапај, кој со години живее во Италија во регионот на Умбрија, каде што поседува мала градежна компанија.

Ррапај бил присутен и виден неколку пати во друштво на албанскиот министер за здравство, на официјални средби и со претставници на регионот Умбрија и со италијански претприемачи. Другите натпреварувачи во трката за тендерот пријавиле нерегуларности бидејќи, според нив, победничкиот конзорциум имал најскапа понуда. Но, Министерството за здравство одговорило дека “тоа е само клевета”, информира Агенција Нова на 14 декември 2015 година.

Нема информации до каде е истрагата со овие тендери, но извори кои ја следат проблематиката пошироко во регионот велат дека истите фирми се пријавиле и на тендерот за Стерилизација во македонското Министерство за здравство.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.