Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МОТ отворен со уметнички проект за зградата што симболизира заедништво

0
By Сашка Цветковска on September 13, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 13, 2019 22:38

Железничката зграда во Скопје како симбол на заедништво и солидарност e предмет на уметничкиот проект „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на Филип Јовановски, со кој вечер во Младинскиот културен центар беше отворен 44. Млад отворен театар.  Toa воедно беше и македонска премиера на проектот откако нашата земја во јуни со него победи на 14. Прашко квадриенале за перформанс, дизајн и простор.

Идејата на проектот е да се зачуваат од заборав и игнорирање трагите од некогашното заедништво и да се нагласи и зачува значењето на јавното и јавниот простор. Се состои од три дела – перформанс на актерката Кристина Леловац, кратко видео насловено „Кино Култура“ и двојазична македонско-англиска публикација.

Станбената Железничка зграда се наоѓа спроти Градежниот факултет, била градена од 1934 до 1946 година како периметарски блок за колективно живеење на вработените во Железницата на Југославија. Зградата во која сега има 74 станови на времето имала и сопствено кино каде што филмови заедно гледале и до 400 деца.

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ е дел од проектот „Кога зградите би зборувале“  кој во 2015  почнал на иницијатива на здружението „Факултет за работи што не се учат“. Според авторот Јовановски, важно за него било преиспитувањето на границите на уметноста, а нераскинлив дел од формата, како што вели, е процесот на истражување што го имал со станарите.

– Таа приказна за зградата е метафора за утопијата на модернизмот. Соработката со жителите таму го дефинира овој проект не само на уметничко, туку и на етичко ниво, изјави Јовановски за проектот, посочувајќи дека  идејата не е да се презентира животот во зградата, туку дека самиот проект и перформанс е зградата.

Според кураторката Ивана Васев, Железничката зграда ги фасцинирала пред пет години кога со реорганизирањето на центарот на градот преку големиот градежен зафат „Скопје 2014“, како што вели, бил доведен во прашање духот на заедништвото.

-Во тој контекст Железничката зграда ни се чинеше како една мала оаза, простор којшто е отпорен на тоа време. Мислевме дека  идеите за заедништво, колективност и солидарност ќе ги покренеме во пошрок општествен дискурс. Таа зграда е некаква минипрезентација на тоа што се случува во нашето општество –  притисок на забрзаниот капитализам и моќните корпорации со кои се губи идејата за јавниот простор и таа се освојува од приватниците и капиталот. Тоа сакавме да го потенцираме преку овој проект, додаде Васев пред учеството на големата изложба во Прага (Прашко квадриенале) од 6 до 16 јуни каде што  Павилјонот на Северна Македонија ја доби наградата „Златна трига“. Носител на проектот беше Музеј на Град Скопје, а комесар на павилјонот Фросина Зафировска.

Железничката зграда ќе биде промовирана и како нова  сцена во рамки на годинашниот МОТ и таму ќе има два настана – хрватската претстава „Сè е во парите“ и работилницата „Orbis pictus – Оди и види“.

Проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ ќе биде уште двапати изведен на МОТ – на 15 септември од 12 часот и на 16 септември од 18 часот. Потоа  ќе гостува во Нови Сад, во придружната програма на БИТЕФ.

Вториот фестивалски термин вечерва на МОТ е резервиран за драмата-опера „Девојчето со жиците“ во режија на Марјан Неќак од 22 часот на малата сцена во Националната опера и балет.

Четириесет и четвртиот МОТ ќе трае до 21 септември и ќе прикаже шеснаесет претстави – од домашната продукција и гостински од Словенија, Хрватска, Италија, Грција, Романија и Португалија, како и пет настани во придружната програма.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.