НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Почнува „Браќа Манаки“ – Едвард Лакман е добитник на „Златна Камера 300 “ за животно дело

0
By Нова ТВ on September 14, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со перформанс на режисерот Срѓан Јанаќијевиќ и со доделување на наградата Златна Камера 300 за животно дело која ќе му биде врачена на светски познатиот американски кинематограф Едвард Лакман, вечерва во Битола почнува 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Во Битола од синоќа пристигнуваат фестивалските филмски ѕвезди како што е Хозе Луис Алкаине, кинематографер на филмот „Болка и слава“ од Педро Алмодовар, ирскиот режисер и филмски драматург Џим Шеридан, потоа режисерот Фатих Акин, филмаџии од државата и странство, филмофили и студенти од академии за филм и филмска уметност во Европа.

Филмовите во конкуренција ќе ги оценува меѓународно жири предводено од Лакман, а во одлучувањето ќе му помагаат и Ненад Дукиќ од Србија, Доминик Велински од Франција, Калојан Божилов од Бугарија и Фејми Даут од Северна Македонија.

– Ноќеска вршевме последни подготовки за пречек во кино салата. Подготвени сме и вратите ќе бидат отворени за сите што со нетрпение и возбуда го очекуваат почетокот на фестивалот на кинематограферите од светот, велат од Центарот за култура-Битола во чии простории се одржува фестивалот„Браќа Манаки“.

Со одлука на организаторот, на јубилејниот фестивал ќе биде доделена Златна „Камера 300“ и на француско-грчкиот директор на фотографија Јоргос Арванитис, а со одлука на Друштвото на филмски работници на Македонија, наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ ќе му биде врачена на композиторот Љупчо Константинов.

Интернационалниот фестивал на филмската камера во Битола е најстар фестивал во светот посветен на филмските кинематографери кој прв пат се одржа во 1979 година во чест на браќата Јанаки и Милтон Манаки. Од 1991 година фестивалот има натпреварувачки карактер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.