Американската актерка Фелисити Хафман , позната по една од главните улоги во серијата ,,Очајни диомаќинки” е осудена на 14 дена затвор поради плаќање поткуп за упис на ќерка и на елитен факултет.
Фелисити платила 15 000 долари поткуп на лице од компанија специјализирана за подготовка на тестови за приемен испит на факултет на нејзината постара ќерка. Во оваа афера, најголема во поновата историја на САД , десетици богати родители плаќале за нивните деца со слаб успех во средно училиште да бидат примени на елитни факултети.
Добитничката на наградата Еми за „Домаќинки“, која исто така беше номинирана за Оскар за нејзината улога во „Трансамерика“, Хафман беше обвинета заедно со уште 33 родители во март за учество во измама за да се запишат нивните деца на универзитети како Јеил, Џорџтаун и Универзитетот во Јужна Калифорнија.
Почна судењето за скандалот за прием на колеџ
Властите велат дека заговорот бил предводен од поранешниот советник за запишување на Универзитетот во Калифорнија, Вилијам „Рик“, Сингер, кој се изјасни за виновен за организирање измама и давање мито на тренери за да ги персонализира кандидатите како спортисти.
Обвинителите објавија дека 56-годишната Хафман и дала 15.000 долари на фондацијата Сингер за да му помогне на неговиот соработник во 2017 година тајно да ги поправи одговорите на нејзината ќерка на тестирањето.




