Published: Saturday, September 14, 2019 12:13
Два пожари избувнале утрово во месноста Лурдата на јужниот дел од грчкиот остров Кефалониа, а според локалните медиуми, превентивно биле евакуирани туристи и жители.
Пожарите избувнале речиси истовремено во 6 часот изутринава и брзо се прошириле поради силниот ветер. Огнот за кратко време стигнал и до првите куќи. Во 8 часот, околу 200 туристи биле евакуирани на безбедна област. Дел од туристите, како што пишуваат грчките медиуми одбиле да се евакуираат.

Во справувањето со огнот интервенираат 42 пожарникари со 12 возила и еден хеликоптер, а помагаат волонтери и цистерни на општината.




